Лани во светот имало 168 пријави за загуба или кражба на радиоактивен материјал
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) апелира за подобра заштита на радиоактивниот материјал за време на транспортот, бидејќи се евидентирани голем број загуби или кражби. Минатата година, 31 земја пријавиле вкупно 168 случаи на кражба или губење на радиоактивен материјал. Ова го соопшти МААЕ во понеделникот, на почетокот на конференцијата за нуклеарна безбедност во Виена. […]