Полски државјанин лишен од слобода на Табановце, возел 164 на место со ограничување од 80 километри на час


Полски државјанин е лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, откако било утврдено дека со автомобил возел со брзина од 164 километри на час на делница каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час. Како што информира МВР, вчера во 17:53 часот, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ […]

Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром


Вицепремиерот и министер за транспорт  Александар Николоски денеска изјави дека радарот на скопскиот аеродром е ставен во фунција, оти е најден резервен дел и проблемот е решен во рекордно време од само три дена. Но, вели, притоа било констатирано дека изминатите години тој работел на само еден канал. Дополнително, нагласи Николоски, радарот е стар 27 […]

Франција има воен радар кој сите очајно го посакуваат: Фаќа сè, од птици до ракети


Еден од најпродаваните производи на француската воена индустрија е радарот за воздушен надзор Ground Master (GM). Фабриката, во сопственост на Талес и лоцирана во малото гратче Лимур, на околу 50 километри јужно од Париз, се обидува да го удвои своето производство, но се соочува со низа проблеми кои вообичаено го мачат европскиот одбранбен сектор. „Со […]

Како на писта: На автопатот Тетово-Скопје возеле 227 и 214 километри на час


Сообраќајните полицајци вчера на автопатот Тетово-Скопје меѓу 94 возачи кои ги казниле за пребрзо возење, откриле двајца кои се движеле со 214 и 227 километри на час. Акциската контрола за брзина со која се движат возилата, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје била спроведена од 15 до 21 часот на тетовско-гостиварското подрачје. При контролата биле откриени и […]

Германец покажал среден прст кон радар, казнет со 5.000 евра


Германија – Судот во Пасау, Долна Баварија, Германија, казни еден возач со 5.000 евра затоа што покажал среден прст при снимање на радар поради пребрзо возење. Полициски службеници, кои биле во возилото со радарот, поднеле пријава за навреда на државните органи. Истрагата против 53-годишникот траела девет месеци, по што следи судскиот процес. Обвинетиот потоа поднел жалба, […]

МВР: Со ноќен радар 248 санкции за брзо возење на територија на цела држава


Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, вчера во  периодот од 18:00 до 22:00 часот спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата, при што санкционирани се 248 возачи, кои се движеле со брзина поголема од дозволената. -Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на […]

Осумнаесет возачи од Куманово возеле брзо, петмина фатени на „ноќен радар“


Осумнаесет возачи од Куманово возеле брзо, петмина биле откриени со „ноќен радар“ соопштија денеска од СВР Куманово. – Вчера на територијата на општина Куманово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани се 18 возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина, од кои пет биле […]