Оливера Ќорвезироска добитничка на „Рациновото признание“ за 2025, почесното за Намита Субиото


Добитничка на „Рациновото признание“ за 2025 година е Оливера Ќорвезироска за делото „Три Марии“ во издание на „Арс Ламина“. Признанието ќе и биде врачено на 12 јуни на сцената на Театарот во Велес во рамки на свеченото отворање на годинашните 62. Рацинови средби. Наградата е плакета и паричен износ од илјада евра во денарска противвредност. […]

Врачено „Рациновото признание“ на Блаже Миневски


Во Спомен костурницата од НОВ во Велес синоќа на свеченото отворање на 60. јубилејни Рацинови средби му беше врачено „Рациновото признание“ на Блаже Миневски за неговиот роман „Ако се родат некакви чувства“. На македонскиот раскажувач, романсиер, драматург и новинар Блаже Миневски родум од Гевгелија, оваа високо признание му го врачи градоначалникот Марко Колев. Признанието се […]

Рациновото признание за 2023 за Блаже Миневски


Комисијата за доделување на наградата „Рациново признание“ за најдобро прозно остварување меѓу две Рацинови средби, во состав Јасминка Делова-Силјанова, Снежана Петрова-Џамбазова и Маја Апостолоска ги разгледа доставените 14 книги и водејќи се исклучиво од естетски критериуми,одлучи наградата „Рациново признание“ за најдобро прозно остварување да му ја додели на романот „Ако се родат некакви чувства“ на […]

Рациновото признание за 2022 доделено на Александар Русјаков за „Хотел меѓу две војни“


Во Велес во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ синоќа свечено беа отворени 59 Рацинови средби. На свеченоста беше доделена наградата Рациново признание за 2022 на Александар Русјаков за „Хотел меѓу две војни“. Во изјавата за МИА наградениот Русјаков потенцира дека за него е голема чест да се добие оваа награда во неговиот роден […]

Почесното Рациново признание за Милан Јазбец – мост меѓу културите на двете пријателски земји


Високото признание за афирмација на македонската литература и култура во светот – Почесното Рациново признание за 2019 година на годинашните 56. Рацинови средби во Велес, Организацискиот одбор на средбите одлучи да му го врачи на проф. д-р Милан Јазбец, кој ја извршува и функцијата амбасадор на Република Словенија во нашата земја. Професоре Јазбец, што значи […]