Времено ќе се затвори преминот Неготино поради работи на пругата Велес-Гевгелија


Времено ќе биде затворен патниот премин Неготино, поради изведување работи на железничката пруга Велес-Гевгелија, информираше неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Тој соопшти дека во тек е ремонт на железничката пруга Велес-Гевгелија, делница Ногаевци-Неготино. Стојанов додаде дека во рамки на овој ремонт, се предвидува инсталација на гумени елементи на три патни премини на територија на општина Неготино. […]