УНИЦЕФ го поздравува усвојувањето нови насоки за заштита на децата од загадувањето на воздухот


УНИЦЕФ го поздравува неодамнешното усвојување на сеопфатни протоколи насочени кон подобрување на квалитетот на воздухот во училиштата, како и јасни препораки за акција во услови на зголемено загадување на воздухот. Прифаќањето на овие препораки следи по неодамнешното усогласување на националниот индекс за квалитет на воздухот со Европскиот индекс за квалитет на воздухот и доаѓа во […]

Потпишан последниот протокол за воспоставување на заеднички контроли со Албанија


Директорите на царинските управи на Северна Македонија и Албанија, Стефан Богоев и Генти Гажели денеска на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане го потпишаа последниот протокол за спроведување на Договорот за воспоставување на заеднички граничен премин меѓу двете земји. Како што соопштија од Царинската управа, со потпишувањето на протоколот се завршуваат и последните подготовки за воведување […]

Протоколите за прием на Финска и Шведска во НАТО во македонското Собрание


Протоколите за пристапување на Финска и Шведска во Северноатлантската алијанса (НАТО) ќе влезат во собраниска процедура во Собранието на Северна Македонија денеска, а ќе се очекува да бидат ратификувани оваа недела. Во вторник е закажана седница на матичната собраниска комисија за надворешна политика, а пленарната седница на која ќе се гласаат протоколите за влез на […]

МТСП: Се укинуваат Ковид протоколите во градинките


Владата на редовната 42-ра седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести. Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување возрасни лица и лица со попреченост. […]

Србија, од утре, ги укинува мерките за влез во државата


Од вторник, 3 мај 2022 година, престануваат да важат сите мерки за контрола и ограничувања за влез на лица во Република Србија, во врска со заразната болест Ковид-19, како за странските, така и за домашните државјани, јави дописникот на МИА од Белград. -Од полноќ, српките државјани, како и страските државјани, при влез во Србија нема […]

Кипар од денеска со поедноставни протоколи за патување и олабавување на мерките во внатрешноста


Република Кипар од денеска ги укинува сертификатите за влез во продавниците и трговските центри, како и мерките за патување, односно задолжителното пополнување електронска форма за лоцирање на патници (Cyprus Flight Pass) непосредно пред патувањето и категоризација на земјите согласно епидемиолошката слика, јави дописничката на МИА од Атина. Влез на островот е дозволен за сите кои […]

Нови протоколи за влез во Холандија и Грција


Министерството за здравство во Холандија ја класифицираше Република Северна Македонија како „зона со многу висок ризик“, значи едно ниво повисоко од досегашното, соопштија од Министерството за надворешни работи, од каде додадоа дека за влез во ова земја од утре се предвидени нови услови. – За сите патници од Северна Македонија кои патуваат за Холандија, ќе важи […]

Активни 18.498 случаи на Ковид-19 во земјава, нови ковид протоколи за влез во Германија и Финска


Бројот на активни случаи секојдневно се зголемува. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, нивниот број во државава достигна 18.498 од кои повеќе од половина – 9714 се во Скопје. Расте и бројот на реинфекции. Од направени 6.353 тестови, регистрирани се нови 2.051 случај со Ковид-19 од кои 276 реинфекции, седум починати и […]

Спасовски: Протоколите не се под директна контрола на МВР, тоа е работа на секој од кабинетите во Владата


Има протоколи и начин на кој се комуницира во однос на секој носител на државна и јавна функција во Република Северна Македонија. Треба да се следат тие протоколи. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по посетата на Центарот за обука во Идризово каде што во тек е селекцијата за нови полициски службеници, […]