Пожар избувна кај Момин Поток


Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека била добиена пријава за пожар на отворен простор во реонот на Момин Поток во Скопје. Според информациите, во пожарот гори ниска вегетација. За интервенција е известена Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која треба да постапи на терен.            

Се запали објект со хаварисани возила во скопско, две лица завршија во болница


Објект со хаварисани возила вчера бил опожарен во скопско.  Вчера во 12.02 часот во СВР Скопје било пријавено дека над село Бучинци, општина Илинден, настанал пожар на нискостеблеста шума. Од пожарот бил опожарен еден објект со хаварисани возила, сопственост на А.К.(60) од Скопје.   Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил локализиран, а […]

Противпожарната бригада на Град Скопје опремена со ново современо возило и дрон за гасење пожари


Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје од денеска ќе располага со ново современо и уникатно возило целосно развиено во Македонија и дрон за гасење на пожари, а беа промовирани и новата генерација пожарникари. Влатко Николовски координатор на проектот на Бригадата на денешната презентација на проектот „Гасење на пожари со употреба на современи техники“ го […]