Почна реконструкцијата на пожарната во Кичево


Денес почнува реконструкција на објектот на ТППЕ Кичево, објект кој повеќе од една деценија билазапоставен. – За првпат од неговата изградба, вложуваме сериозно во условите во кои работат нашите пожарникари. Луѓе кои секојдневно ризикуваат сè за нашата безбедност, со години работеа во несоодветни и недостоинствени услови. Тоа денес го менуваме со конкретни дела, а не […]

Пожар во подрумските простории на зграда во Аеродром


Вчера во 11.28 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, во подрумските простории од станбена зграда настанал пожар. „Од пожарот биле зафатени четири подрумски простории. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје“, информираат од МВР.

ДЗС: Младите ги едуцираа повозрасните за заштита на шумите во училница на отворено


Плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска се претвори во училница на отворено, каде младите ги едуцираа повозрасните за заштита од пожар на шумите и другите отворени површини во нашата земја. Дечиња од општините од скопскиот регион делеа флаери и им објаснуваа на граѓаните за начинот и за важноста за заштитата од пожар на шумите. Конкретно, Дирекцијата […]

Пенов: Заедно со ЕУ прекугранично ќе ја подобруваме пожарната заштита во Македонија и Албанија


Подобрување на системите за заштита од пожари и одговор во соработка со соседните општини од Македонија и Албанија е проект што треба да се реализира до август 2024 година, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов при денешната посета на новиот прекуграничен проект „Прекуграничен противпожарен штит“ поддржан од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична […]

Ќе се купат три нови возила за пожарникарите од Скопје


Советот на Град Скопје на денешната седница усвои одлука за набавка на 3 возила со што значително ќе се подобри техничката опременост и модернизација на противпожарната бригада на Град Скопје.  Со првата одлука се одобрува набавка на две противпожарни возила автоцистерни со капацитет од најмалку 7.000 литри. Со оглед на потребата за обезбедување основни средства […]

Пожар во куќа во Кавадарци


Пожар зафати утрово куќа во Кавадарци, информираа од кавадаречката Територијална противпожарна единица. Од противпожарната служба соопштија дека навремената интервенција на седум пожарникари со три противпожарни возила, спречила поголеми штети врз овој објект и проширување на огнот во соседството.