„Европскиот кварт“ на Брисел под опсада на незадоволните земјоделци


Земјоделци од Белгија, но и од неколку други членки на ЕУ, како Италија и Шпанија, со околу 1.300 трактори денеска го блокираа т.н. „Европски кварт“ на Брисел, дел од градот каде што се сместени институциите на ЕУ.  Полицијата спречи пристап до реонот околу самите згради на Унијата, но демонстрантите ги блокираа околните улици и плоштади.  […]