Владата ја донесе Програмата на економски реформи 2022 – 2024 година
Владата на денешната осма седница ја донесе Програмата за економски реформи (ПЕР 2022 – 2024), во која се идентификувани клучните предизвици коишто треба да ја зајакнат конкурентноста и растот на економијата. Со усвоената Програма, како што соопшти владината Прес-служба, следниот тригодишен период фокусот ќе биде ставен на зајакнување на човечкиот капитал за инклузивен развој, поттикнување […]