Охриѓанец починал откако проголтал паковка со дрога при полициска интервенција


Четириесет и четиригодишен охриѓанец синоќа починал откако проголтал паковка со наркотична материја при полициска проверка на возилото во кое тој бил сопатник, информираат од Секторот за внатрешни работи Охрид. Возачот на автомобилот, кој претходно се обидел да ѝ избега на полицијата, е лишен од слобода. По наредба на јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција […]