Приведена 56-годишна жена осомничена дека ограбила обложувалница во Ростуше


 На локалниот пат за село Ростуше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар синоќа во 19:50 часот ја лишиле од слобода В.Т.(56) од село Ростуше. Таа се сомничи дека околу 19:30 часот од спортска обложувалница во селото Ростуше одзела пари од дневниот промет. Парите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска […]

Приведена мајка во Кичево што ја запуштила малолетната ќерка


Во средата,  во 14 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода М.С.(34) од Кичево. Таа, со грубо запоставување на својата родителска должност за грижа и воспитување, целосно ја запуштила својата малолетна ќерка, за што бил известен Центарот за социјални работи од Кичево. По извршени консултации со јавен обвинител, се преземаат […]

Валандовчанка го нападнала сопругот – приведена е


Половина час пред полноќ,  во Валандово, полициски службеници од ОВР Валандово ја лишиле од слобода С.В.(50) од Валандово затоа што физички го нападнала нејзиниот сопруг.  За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Приведена тетовчанка барана со потерница


Полициски службеници денеска уапсиле тетовчанка барана со потерница за издржување затворска казна од две години. -Полициски службеници од  Оперативен тим  потраги при СВР Скопје денеска во 12 часот на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје ја лишија од слобода В.И.(40) од Тетово, која била барана со централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување […]

Приведена кумановка, фатена при грабеж во маркет


Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа во 19:30 часот, ја лишиле од слобода кумановката Е.П.(41). -Таа била фатена на дело при одземање пари од каса во маркет на ул.„АВНОЈ“ во Куманово. Одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Е.П. била приведена и задржана во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против неа […]

Приведена жена од Битола барана по потерница


Полициски службеници од Полициска станица Радовиш вчера во 12.00 часот во Радовиш, ја лишиле од слобода М.Е.(42) од Битола. Од МВР денеска информриаа дека за неа била распишана потерница за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“. Лицето било спроведено во Казнено – поправна установа „Затвор Идризово“.