ДПИ ќе провери дали е постапено по заклучоците за случајот со приредбата во училиштето во Челопек
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска одговарајќи на новинарско прашање за случајот со приредбата на ученици со импровизирани пушки и униформи во Основното училиште „7 Март“ во Челопек, потенцираше дека Државниот просветен инспекторат (ДПИ) донел заклучок директорот да преземе дисциплинска постапка кон наставничката, а препорака кон градоначалникот да преземе соодветни мерки за директорот, […]