Улицата „Димо Хаџи Димов“ ќе се поврзе со кружниот пред Припор – еве колку малку фали


Советниците на денешната седница на Советот на Општина Кисела Вода едногласно дадоа поддршка за иницијативата за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, со што се овозможува пробивање на улицата „Димо Хаџи Димов“ како значаен чекор во насока на решавање на долгогодишниот проблем со застојот на возилата во овој дел од општината. Овој проект ја потврдува важноста […]

Се гради првата спортска сала во населбата Припор


Денес беше направен увид во градежните работи за изградба на првата училишна спортска сала во населбата Припор од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Новиот објект ќе биде сместен во дворот на ПОУ „Круме Кепески“ и ќе се простира на 500 квадратни метри, со рок за изведба од две години. Проектот е овозможен со поддршка од […]

Без вода дел од Припор


Поради уличен дефект Ф-80 мм на ул.Христо Татарчев бр.75, без вода утрово од 08:30 часот се корисниците во дел од населбата Припор. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Прекинато водоснабдување за корисниците од прва зона Припор


Поради дефект на водоводна цевка Ф100 милиметри на улица „Христо Татарчев“ крак 14 број 2, без вода ќе бидат корисниците од прва зона на населбата Припор. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето е прекинато од 10:50 и ќе трае се до завршување на активностите.

Се гради парк кај кружниот тек во Припор


  Самоодржлив парк се гради кај кружниот тек меѓу Припор и Кисела Вода, а паркот ќе го носи името „Иднина”. – На ова место, од неуреден и неосветлен простор, од депонија поради која сите ја вртеа главата настрана, оваа пролет граѓаните ќе добијат прекрасно урбано катче за одмор, рекреација и дружење – велат од Општина […]