ДИК го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за гласање за градоначалник на Ново Село


Државната изборна комисија денеска го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето на избирачко место 1789 во Ново Село за избор на градоначалник, откако по службена должност го отвори гласачкиот материјал и по неколкукратно пребројување констатираше дека тој е во ред и оти бројот на гласачки ливчиња во кутијата се совпаѓа со бројот на избирачи кои […]