Се преврте автомобил кај Соборниот храм


Доцна синоќа во сообраќајна несреќа се преврте автомобил на булеварот во близина на Соборниот храм. Засега нема информација за повредени. Полицијата вчеравечер излезе на лице место и изврши увид.  Детали за несреќата се очекуваат денеска.  Фотографија: ТВ 21 

Во Аеродром повторно возило превртено на покрив


  На булеварот „Трета македонска бригада“ во близина на ПТТ училиштето во Скопје, вчеравечер се случи сообраќајна несреќа во која возачот на возило „Форд фокус“, веројато поради голема брзина, изгубил контрола врз возилото и удрил во заштитната ограда меѓу двете ленти од булеварот, по што возилото се превртело на покрив.  Нема повредени во сообраќајната несреќа […]

Едно лице е повредено во сообраќајката кај „Љубен Лапе“


Според првичните информации едно лице е повредено во сообраќајка што се случила утрово во скопската населба Аеродром. Во СВР Скопје денеска била пријавена сообраќајна незгода на ул. „Васко Карангелевски“ помеѓу „рено меган”, со скопски таблички, управувано од Л.Д. (60) и „тојота” со скопски таблички, управувана од Е.Д.Б. (45). Според првичните информации, со телесни повреди се […]

Автомобил во движење се преврте на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје


 Едно лице е повредено попладнево кога автомобилот со кој управувало се преврте на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје, во близина на кулите Џевахир.  На местото на несреќата дојде возило на Итната медицинска помош и од возилото беше извлечено повреденото лице. Засега нема информации за природата на повредите и за причините за несреќата. 

(Фото) Се преврте автомобил кај МАНУ


Утрово, се случи тешка сообраќајна несреќа на булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на МАНУ, кога автомобил се преврте на покрив. Засега нема информации за повредени и евентуални жртви. Од МВР повеќе детали најавуваат за подоцна. Сообраќајот се одвива нормално, а автомобилот е означен со заштитни конуси.