Во пораст колонијата корморани на Голем Град во Преспанското Езеро


Популацијата на големиот корморан (Phalacrocorax carbo) во регионот на Западен Палеарктик бележи различни регионални трендови, но е генерално стабилна и во пораст. Истото важи и за најголемата колонија на големиот корморан во Македонија, на островот Голем Град на Преспанското Езеро, каде што од 2010 до 2025 година гнездечката колонија флуктуира, но во нагорна линија.   […]

Веб-апликација за следење на еколошкиот статус на Охридското и Преспанското Езеро


 Интерактивно прикажување на биолошкиот статус на Охридското и Преспанското Езеро овозможува веб-апликацијата hidrobioloski-zavod-ohrid.vercel.app, соопшти денеска Здружението Лидери за едукација, активизам и развој. Апликацијата, како што е наведено, е изработена од група студенти, со цел прикажување на клучните еколошки параметри и податоци за двете езера низ годината кои произлегуваат од работата на Хидробиолошкиот завод Охрид. – […]

НАСА: Преспанското Езеро од 1984 до 2020 загуби седум отсто од површината


Преспанското Езеро, кое се протега од околу 260 квадратни километри, што е повеќе од двојно од територијата на Париз, изгуби седум отсто од својата површина и половина од својот волумен во периодот од 1984 до 2020 година, објави денеска „Еурактив“, повикувајќи се на извештај на НАСА.  Посочувајќи дека повеќе од две третини од езерото и […]

Зголемени водостоите на Дојранското и Преспанското Езеро


За два сантиметра е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а за еден на Преспанското, додека нивото на Охридското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, водостојот на Преспанското Езеро е за 1,7 метри понизок од просекот за март и е на три сантиметри над […]