Христова за МИА: Превентивата во бременоста и по породувањето, клучни во третманот за предвремено родени бебиња


Редовно следење на бременоста, правилен начин на исхрана, умерена физичка активност, се препораките на кумановските лекари до бремените жени по повод Меѓународниот ден на предвремено родени бебиња – 17 ноември. Во кумановската болница 2,8 проценти од родените, се предвремено родени бебиња. Грижата за најмалите борци трае сè додека има потреба, вели д-р Александра Христова, супспецијалист […]