За опозицијата Предлог- буџетот не ја отсликува економската реалност, за власта не е само бројка, туку одраз на визија


Со серија меѓусебни обвинувања помеѓу пратениците од власта и опозицијата, како и критики во врска со економските политики, степенот на реализација на капиталните инвестиции и третманот на ранливите категории граѓани, денеска, во Собранието продолжи 73. седница на која се расправа за Предлог-буџетот за 2026 година.  Во своето обраќање пратеничката од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на […]

Шести ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026, разгледани осум амандмани, но не добија поддршка


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска шести ден расправа по амандманите за Предлог-буџетот за 2026 година. Во текот на денешната расправа беа разгледани осум амандмани, но не добија поддршка, а главно се однесуваа и беа поврзани со сферата на социјална политика. Беа разгледани пет амандмани, поднесени од СДСМ, коишто меѓу другото се однесуваа на […]

Четврти ден расправа по амандманите за Предлог-буџетот за 2026 година


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска четврт ден ќе расправа по амандманите за Предлог-буџетот за 2026 година. Вчера беа разгледани и не добија поддршка амандмани поднесени од опозицијата, со кои меѓу другото се бараше дополнителни средства за зголемување на платите за 30 проценти во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и во конзуларно-дипломатските […]

Амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026, меѓу темите и поведената постапка на Уставниот суд за пензиите


 Во матичната собраниска Комисија денеска продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година. Освен за поднесените амандмани, дебатата се фокусираше и на поведената постапка на Уставниот суд за линеарното зголемување на пензиите по што дојде до меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата. Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, во реплика на амандман поднесен од СДСМ, спомена […]

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден ќе расправа по амандманите за Предлог-буџетот за 2026 година.  За Предлог-буџетот се поднесени околу 200 амандмани. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Државата планира 374,7 милијарди денари вкупни приходи, 413,9 милијарди денари вкупни расходи, […]

Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи седницата за Предлог-буџетот за 2026 година. Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, […]

За опозицијата Предлог-буџетот е потрошувачки и се носи нетранспарентно, за власта ветува развој


Дијаметрално спротивни ставови за Предлог-буџетот 2026 изнесоа денеска пратениците од власта и опозицијата на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет. За опозицијата Предлог-буџетот е потрошувачки и се носи нетранспарентно, документ наметнат со сила, креиран без суштинска консултација со буџетските корисници, а за власта ветува развој и е економска порака за стабилност. Според пратеникот […]

За Димитриеска-Кочоска, Предлог-буџетот за 2026 е економска порака за стабилност, доверба и развој


Ова не е само уште еден документ со бројки и табели, ова е економска порака за стабилност, доверба и развој, како и јасен доказ за одговорното управување со јавните финансии што го воспоставивме и го продолжуваме со полн капацитет, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која пред матичната собраниска Комисија го образложува Предлог-буџетот за […]

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата


По усвојувањето на Предлог-буџетот за 2026 година СДСМ изразува сериозна загриженост за насоката по која се движи фискалната политика и нејзините последици врз граѓаните и стопанството, соопштија од партијата.    Како што посочуваат од СДСМ, наместо ветената „строга фискална дисциплина“, Владата предлага дефицит од 3,5% од БДП и со тоа повторно директно го прекршува фискалното […]

Владата го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 проценти, инфлација 2,5 отсто


Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со којшто економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Министерката за финансиии Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари, […]

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија


Во Собранието денеска ќе продолжи амандманската расправа за Буџетот за 2025 година. Последен ден за амандманите за државната каса е утре. Останати за разгледување, според информациите од Собранието, се околу 150 амандмани.  Амандманската расправа почна на 19 ноември, а треба да заврши најдоцна до 30 ноември. Поднесени беа вкупно 307 амандмани од кои 204 на […]

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025


Во Собранието денеска седници ќе одржат две комисии – Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Комисијата за финансирање и буџет. Во собраниската Комисија за финансирање и буџет продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година. Вкупните приходи во Предлог-буџетот се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 400,2 […]

Усвоен амандман за пренамена на финансиски средства за Собранискиот канал


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжи амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година. Пратеникот Сали Мурати поднесе група амандмани со барања за обезбедување финансиски средства од 11 милиони денари за зајакнување на институционалните капацитети на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, со барања за нови вработувања во институцијата и финансиска конструкција […]

СДСМ со 200 амандмани на Предлог-буџетот бара поголеми плати и повеќе пари кај граѓаните


СДСМ поднесе над 200 амандмани за Предлог-буџетот, со кои, како што соопштуваат од партијата се бори за граѓаните и за подобрување на Буџетот за се обезбедат економски раст, поголеми плати и подобар животен стандард. Од СДСМ посочуваат дека со поднесените амандмани, меѓу другото, се бара зголемување на платите во секторите каде вработените се од витално […]

ДУИ: Предлог-буџетот не е развоен и демократски


Генералниот секретар на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Фатон Ахмети на денешната прес-конференција истакна дека Предлог-Буџетот за 2025 година не е развоен и демократски. -Во една позната изрека на римскиот политичар и државник Цицерон, за буџетот се вели: Буџетот мора да се избалансира, Државната каса да се надополни, јавниот долг да се намали, ароганцијата на […]

Комисиската расправа за Буџетот за 2025 ќе започне на 14 ноември


Комисиската расправа за Предлог-Буџетот за 2025 година во Собранието ќе почне на 14 ноември, а пленарната седница за негово носење се очекува да биде закажана во втората недела од декември, изјави денеска во интервју за МИА претседателот на Собранието Африм Гаши.  -Предлог-Буџетот за 2025 година е донесен на 5 ноември. Неколку дена ќе остане во […]

Собраниската расправа за Предлог-буџетот почнува утре, Бесими очекува голем интерес за дебата


Во Собранието утре почнува дебатата за Предлог-буџетот за 2023 година што Владата го усвои на 2 ноември. Министерот за финансии Фатмир Бесими очекува голем интерес за дискусија. Во изјава за МИА,  посочува дека инклузивноста е секогаш добредојдена за да се соочат аргументите „за“ и „против“ и да се избере најдоброто. – Дијалогот, дискусијата и слушањето на […]