Одбиени уште 26 амандмани на Предлог-буџетот за 2023 година


  Собраниската Комисија за финансирање и буџет во рамките на денешната амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2023 година разгледа вкупно 26 амандмани од кои два беа повлечени од предлагачите, а 24 не беа усвоени. Најголем дел од амандманите се однесуваа на изградба и реконструкција на локални патишта. Комисијата меѓу другите со пет гласа „за“ и […]

Продолжува амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2023


Во Собранието денеска продолжува амандмантската расправа по Предлог-буџетот за 2023 година. Согласно проекциите во Предлог-буџетот вкупните приходи се планирани на ниво од 282,1 милијарда денари и се за 14,8 отсто повисоки во однос на 2022 година, додека расходите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на […]

Во Собранието продолжува расправата за Предлог-буџетот за 2023


  Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2023 година. Собраниската Комисија за финасирање и буџет во петокот вечерта едногласно усвои амандман на Предлог буџетот за 2023 година за прераспределба на милион и седумдесет и две илјади денари за поефикасно извршување на функциите на Комисијата за […]

„Finance Think“ за Предлог-Буџетот: Приходите се нереално високи, ќе се крати од капиталните расходи


  Владата на Република Северна Македонија го усвои Предлог Буџетот за 2023 година. Предлог Буџетот се донесува во услови на нагласена неизвесност во економското окружување и ризици за понатамошно интензивирање на стагфлациските тенденции, кои се очекува да имаат поголема материјализација во првиот и вториот квартал од 2023 година. Во таа смисла, Предлог Буџетот 2023 проектира […]

Прв ден комисиска амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2023 година


  Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја почна амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2023 година во рамките на која треба да разгледа вкупно 263 амандмани од кои 199 се поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на досегашната расправа не беше прифатен амандманот поднесен од опозицијата со кој се бараше намалување на данок на […]

Економско заздравување или подгревање на инфлацијата: На ред 263 амандмани за Предлог-буџетот за 2023 година


  Членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го завршија општиот претрес по Предлог-буџетот за 2023 година. Од среда почнуваат со амандманската расправа во рамките на која треба да се разгледаат 263 амандмани од кои 199 се поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. И денеска на третиот ден од општата расправа власта и опозицијата беа […]

Продолжија конфронтациите на власта и опозицијата за Предлог-буџетот


И на денешниот последен ден од општата расправа по Предлог-буџетот за 2023 година, членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет се конфронтираа, соочувајќи ги спротивните ставови. Според мнозинството, проектираните буџетски ставки ќе овозможат економско заздравување и справување со последиците од енергетската криза, додека за опозицијата предложениот буџет е историски највисок, инфлаторен и расипнички. Власта […]

Трет ден комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2023 година


  Почна 52. седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет со што продолжи расправата по Предлог-буџетот за 2023 година. Ова е трет ден од општиот претрес, а збор, според редоследот на пријавени, прва имаше пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ. Пешевска најпрво го повтори партискиот став, дека предложениот буџет е историски највисок, инфлаторен и расипнички, […]

Втор ден собраниска комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2023 година


  Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја  продолжи расправата за Предлог-буџетот за 2023 година. Комисијата ја почна дебатата завчера, а денеска е втор од предвидените 10 дена за расправа.    Во Предлог-буџетот за следната година растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на […]

За ВМРО-ДПМНЕ Предлог-буџетот 2023 е нереален, инфлаторен и расипнички


Историски највисок, нереален, инфлаторен и надуен балон кој е прашање на време кога ќе експлодира. Вака претседателот на собраниската Комисија за финансирање и буџет Бојан Стојаноски го квалификуваше Предлог-буџетот за 2023 година што го образложи министерот за финансии Фатмир Бесими. Стојаноски се јави прв за збор на денешната седница на Комисијата на чиј дневен ред […]

Почнува собраниската дебата за Предлог-буџетот, поднесени над 250 амандмани


  Во Собранието денеска треба да почне расправата за Предлог-буџетот за 2023 година. За него ќе расправа матичната Комисија за финансирање и буџет. Вкупните приходи во Предлог-буџетот за 2023 година се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите се на ниво од […]

Завршува расправата за Предлог-буџетот за 2022


Во Собранието денеска завршува расправата за Предлог-буџетот за 2022 година и се очекува тој да биде донесен. Предлог-буџетот тежи 4,4 милијарди денари. Вкупните расходи се планирани на ниво од 272,4 милијарди денари или 35,2 проценти од БДП, а вкупните приходи се проектирани на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП. Дефицитот е […]

Претпоследен ден од собраниската расправа за Предлог-буџетот за 2022


Во Собранието денеска е претпоследниот ден од расправата за Предлог-буџетот за 2022 година. Според Деловникот за работа, расправата за Предлог-буџетот на пленарна седница трае пет дена. Во текот на изминатите денови, власта и опозицијата излегоа со спротиставени ставови. За власта, Предлог-буџетот има силна развојна компонента и со него ќе се забрза економскиот раст, ќе се […]

Прифатени 23 амандмани за Предлог-буџетот, дали тоа ќе биде доволно


Собранието денеска ја продолжи расправата за дополнетниот Предлог-буџет за 2022 година, кој е проектиран на 4,4 милијарди евра. За власта, Предлог-буџетот има силна развојна компонента и е во насока на подобрување на секојдневното живеење на граѓаните во услови на здравствена и енергетска криза, додека опозицијата смета дека се работи за мегаломански буџет во кој фиктивно […]

Собранието четврти ден ќе расправа за Предлог-буџетот за 2022 година


Пратениците денеска во рамки на 54. седница четврти ден ќе расправаат по дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година во второ читање. Вкупните расходи во Предлог-буџетот се планирани на 272,4 милијарди денари или 35,2 проценти од БДП, а вкупните приходи се планираат на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП. Дефицитот е проектиран на […]

За власта Предлог-буџетот е развоен, опозицијата смета дека е мегаломански


Власта и опозицијата и на третиот ден од пленарната расправа за дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година со спротивставени погледи за највисокиот финансиски документ во државата. За власта Предлог-буџетот е развоен, а силната развојна компонента се темели на фактот што првпат капиталните инвестиции се поголеми од буџетскиот дефицит, додека опозицијата смета дека е мегаломански, неодржлив и […]