Хоџа се пофали со пречистителната станица во Скопје и регионалниот систем за отпад – ни едниот ни другиот проект уште не профункционирале


Mинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска го претстави напредокот во реализацијата на клучни проекти од областа на животната средина, пред членовите на мониторинг мисијата на WBIF (Инвестициската рамка за Западен Балкан). Во секторот што го води, министерот ја истакна изградбата на Пречистителната станица за отпадни води во Скопје, како најголем еколошки […]

Масти и масла го отежнуваат процесот на прочистување на отпадните води во Куманово


Граѓаните во Куманово сѐ уште немаат доволно информации за правилно одлагање на отпадните масти и масла, кои често завршуваат во канализацискиот систем и создаваат сериозни проблеми во работата на пречистителната станица, предупредуваат надлежните од ЈП „Водовод“ Куманово. – Мастите и маслата заедно со комуналната отпадна вода стигнуваат до пречистителната станица. Иако имаме третман, тие ги […]

Пречистителната станица во Кучевишка Бара ќе опслужува околу 3.000 жители


Изградбата на пречистителната станица во Кучевишка Бара, проект со вкупна вредност од 129 милиони денари што ќе опслужува околу три илјади жители во населените места Кучевишка Бара во Општина Чучер Сандево и Бел Камен во Општина Бутел е во полн ек. Градоначалникот на Општина Чучер-Сандево Зоран Бајовски, информираше дека пречистителната станица, која ќе ги опслужува […]

Се гледа напредок на изградбата на пречистителната станица во Скопје – инвеститорот задоволен


  Изградбата на пречистителната станица во Скопје напредува, а треба да почне со работа во 2030 година.  Претставникот на Европската инвестициска банка, која се јавува како инвеститор во овој капитален скопски проект, Бјорн Габриел, е задоволен од напредокот во изградбата, и ги охрабрува сите инволвирани во во проектот да обезбедат сигурно поврзување на сите компоненти […]

Пречистителната станица во Скопје во напредна фаза од изградбата


Град Скопје кој започна во исто време со градовите во регионот како Подгорица, Приштина и Бања Лука, е во најнапредна фаза на изградба на новата пречистителна станица за отпадни води, најголемиот еко-капитален проект во регионот. Проектот го имплементира ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, со силна поддршка од Европската Унија преку Европската банка за обнова и […]

Заокружен проектот за пречистителната станица во Гевгелија


Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, заедно со амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Вероник Улман, амбасадорката на Грција Н.Е. Софија Филипиду и градоначаникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, денес ја посетија локацијата на пречистителната станица за отпадни води во Гевгелија и направија увид во реализираните активности од последната фаза на проектот: чистење и […]

Прочистителна станица во село Орман со средства од европските ИПА фондови


Заменикот на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, во рамките на денешната работна посета на општината Ѓорче Петров, ја посетија и прочистителната станица во село Орман. – Владата инвестира во иднината и подеднакво се грижи за сите граѓани на Северна Македонија. Со европски средства, […]

Стојкоски: Пречистителната станица во Орман е со биолошки филтер


При крај е  изградбата на пречистителната станица во селото Орман која што има за цел да ги прибере фекалните води од селото Орман. „Оваа пречистителна станица можам да кажам дека сум многу горд затоа што пред сѐ е македонски производ и сите компоненти на оваа пречистителна станица се македонски. Истата таа пречистителна станица ги задоволува […]

Општина Зрновци ја почнува изградбата на пречистителна станица за отпадни води во селото Видовиште


 Со потпишувањето на договор со изведувачот на градежните работи, Општина Зрновци официјално ја почна реализацијата на проектот „Изградба на пречистителна станица за комунални и отпадни води во Видовиште“, за што ќе се инвестираат над 1,9 милиони денари. Најголем дел од инвестицијата е обезбеден со средства од Министерството за животна средина наменети за финансирање програми и […]

Општина Зрновци ќе гради пречистителна станица за отпадни води во село Видовиште


 Општина Зрновци наскоро ќе почне со реализација на проектот за изградба на станица за пречистување на отпадните води во селото Видивиште, чија вредност е проценета на над 1,9 милиони денари. Најголем дел од инвестицијата е обезбеден со средства од Министерството за животна средина, а Локалната самоуправа ќе кофинансира во покривањето на трошоците за спроведување на […]

Шукова уверува дека пречистителната станица успешно ќе се реализира


По информациите дека Градот Скопје и „Водовод и канализација“ не учествуваат на редовните состаноци со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), од каде се обезбедени парите за изградба на пречистителната станица во Скопје, министерката за животна средина Каја Шукова уверува дека тие ќе учествуваат на следните состанци и дека […]

Договорот за надзор и градба на пречистителна станица во Скопје се конечно потпишани


Договорите за надзор и за градба на пречистителна станица во Скопје се конечно потпишани, што значи дека со воведување на работа на изведувачот и надзорот ќе можат да започнат работите на нејзината изградба, информира денеска министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Таа на денешниот настан одржан по повод Денот на планетата Земја, […]

Се собраа 200 милиони евра за пречистителната станица во Скопје, изградбата никако да почне


  Денеска се потпиша договор меѓу Македонија и Европската инвестициона банка за 70 милиони евра грант за изградба на пречистителната станица во Скопје. Со ова, за пречистителната станица во Скопје обезбедени се повеќе од 200 милиони евра, а таа стои неизградена затоа што Град Скопје, никако не може да избере изведувач и надзор на градежните […]

Почна изградбата на станица за пречистување на отпадните води од селото Чифлик во општина Чешиново-Облешево


Општина Чешиново-Облешево ја почна втората фаза од проектот за изградба на пречистителна станица за фекалната канализација во селото Чифлик, за што дел од финансиските средства ги обезбеди преку Бирото за регионален развој и од сопствената буџетска сметка. Изведувач на градежните активности е компанијата „Турбоинженеринг“ од Скопје, која според потпишаниот договор треба да ги комплетира во […]

Прилепско Мало Коњари се дави во фекалии оти пречистителната станица не работи


Прилепското село Мало Коњари, речиси е предградие на Прилеп и е единственото во Прилепско кое има пречистителна станица за отпадните води, но таа во моментит не е во функција. Околу 600 жители реагираат на излевањето на отпадните води и фекалиите кои ги загрозуваат нивното здравје и околината. Револтирано протестираат и бараат решение. Слободан Дичоски и […]

Пуштена во употреба нова пречистителна станица во Илинден


Денеска, во функција е пуштена нова пречистителна станица во населеното место Илинден, која е со капацитет од 1,300 еквивалент/жители и ќе опслужува приближно 330 домаќинства. Овој капитален проект е во рамки на програмските активности за изградба на фекална канализација со пречистителни станици, што претставува еден од нашите главни приоритетни проекти во служба на граѓаните. Градоначалникот […]

Жестока тирада на Арсовска: „Каде е шпицниот кандидат Мицкоски. Не го гледам“


  Театар или не, но денеска градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, отвори нејзин личен фронт против Христијан Мицкоски, лидерот на партијата која, во основа ја донесе неа на власт. Денешната седница за советнички прашања во Советот на Град Скопје беше уште еден ринг каде што сосема неочекувано се отвори битка меѓу сојузниците кои го раководат […]

Во завршна фаза пречистителната станица во Илинден


Општина Илинден интензивно работи на изградбата на пречистителната станица во населба Илинден со капацитет за над 300 домаќинства, кои ќе бидат приклучени на фекална канализација. Покрај домаќинствата кон пречистителната станица ќе се поврзат и стопанските субјекти од локалната економска зона Ограѓа, како и новото основно училиште. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид […]