Правичната застапеност ќе важи и на државно и на локално ниво: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност
Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција по одржаната владина седница. „Законот има јасна цел, администрацијата да биде вистински сервис за сите граѓани, изградена врз заслуги, знаење, професионалност и интегритет, согласно Уставот и Охридскиот рамковен договор. За разлика од времето кога партиска книшка беше поважна […]