Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни


Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни, вели Државниот Јавен обвинител Љупчо Коцевски. На овој тежок и комплексен случај со 62 жртви, Коцевски нагласи, дека деноноќно работат 13 јавни обвинители и со ваквиот интензитет на преземање дејствија истрагата ќе заврши навремено.  Коцевски, во […]

Извештајот од антикорупциската проверка на закони по трагедијата во Кочани на седница на ДКСК


Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на седница ќе расправа за Извештајот од спроведена антикорупциска проверка на легислативата на одредби кои се однесуваат на издавањето на лиценци, одобренија, дозволи за работа на угостителски објекти и слично, како и за вршење надзор во Законот за угостителска дејност, Законот за заштита и спасување, Законот за инспекциски […]

Со истрагата за пожарот во Кочани опфатени 45 лица, Обвинителството негира селективност


Бројот на осомничени за пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани достигна 52 физички и три правни лица, откако Обвинителството викендот ја прошири истрагата со уште 19 лица. Од новоосомничените, тројца се министри за економија, тројца овластени градежни инспектори во Општина Кочани, тројца директори на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), еден генерален инспектор во ДЗС, […]

Сиљановска-Давкова ги посети повредените од пожарот во Кочани кои се лекуваат во Софија


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ги посети повредените од пожарот во Кочани, кои се лекуваат во болницата „Пирогов“. За време на посетата, претседателката оствари средба со министерот за здравство, проф. д-р Силви Кирилов, заменик-директорот на болницата, проф. д-р Николај Габровски и раководителката на Одделот за изгореници и пластична хирургија, доц. д-р Маја Аргирова. Во […]

Нема промена во бројот на хоспитализирани од пожарот во Кочани, подобрена состојбата на две лица кои се лекуваат во Солун


Министерството за здравство информира дека од вчера нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти. Во Скопје вкупно се лекуваат 16 пациенти и се во добра општа состојба. Од нив по шест се во стара градска и ГОБ 8 Септември и четири во приватните болници. На Клиника за токсикологија во последните 24 часа се примени 4 […]

В понеделник се враќаат првите пациенти кои се лекуваат во странство


 Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски очекува в понеделник во државава да бидат вратени првите пациенти од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство и информира дека веќе се работи на планот за следните фази на рехабилитација. Вкупната бројка на повредени во пожарот достигна околу 200, во домашните болници се 72-ца пациенти, […]

Објавени имињата на жртвите во пожарот во дискотеката во Кочани


  Министерството за здравство попладнево ги објави имињата на жртвите во пожарот во дискотеката во Кочани, што се случи рано наутро во неделата. „Не постои збор со што можеме да ги искажеме болката и тагата што ги чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани. Ги објавуваме имињата на жртвите и […]

Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА


 Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој е на лекување во Воено-медицинската академија во Белград има подобрување на здравствената состојба и тој од Интензивна нега е префрлен на Клиниката за пластична хирургија, јави дописникот на МИА од Белград.  Десет лица повредени во пожарот во дискотека во Кочани се хоспитализирани на ВМА од кои […]

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани, медицински тим од Чешка пристигна во земјава


Во Полска попладнево беа пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани, соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава на својата Фејсбук страница. -Амбасадата на Полска овозможи транспорт со воздушна амбуланта на двајца повредени во трагичниот пожар во Кочани. Пациентите ќе ја добијат потребната нега во Полскиот источен центар за третман на изгореници и реконструктивна хирургија, се […]

МФ ќе обезбеди 30 милиони денари за транспорт и сместување во странство на најблиските на повредените во пожарот


Владата денеска на седница го задолжила Министерството за финансии да обезбеди 30 милиони денари и да ги пренесе на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за помош за транспорт и сместување на најблиските на тешко повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во странство.  Одлуката што беше најавена е официјализирана на седница […]

Вкупно 72 пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во странство благодарение на меѓународната поддршка


Вкупно 72 пациенти од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани се лекуваат надвор од државата, откако во текот на вчерашниот ден беа испратени уште 21 пациент. Во Скопје на лекување остануваат 98 пациенти.  Во текот на вчерашниот ден, според информациите од Министерство за здравство пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа на […]

Авион на грчкиот воено воздухопловство ќе пренесе во Атина тројца повредени во пожарот во Кочани


Кусо по 22 часот авионот на грчкото воздухопловство со тројцата повредени во пожарот во Кочани, полета од скопскиот аеродром кон Атина каде што повредените ќе бидат хоспитализирани во Општата воена болница 401 на Одделот за повредени со изгореници, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката амбасада во Скопје на Фејсбук објавија фотографии од аеродромот, […]

Девет повредени во пожарот во Кочани примени во Ургентен центар во Белград и тројца на ВМА


Девет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани пристигнаа во Ургентниот центар на Србија, додека тројца пациенти се примени на Воено-медицинската академија (ВМА), јави МИА од Белград. Дванаесет пациенти повредени во несреќата во дискотеката во Кочани ноќеска со авион CASA C-295 на српската армија се пренесени од Скопје во Белград и ќе бидат згрижени […]