Владината потрошувачка кошница е готова, ќе почне да се применува во септември, најави Ристески


Просечната потрошувачка кошничка е веќе изработена, донесена е и прифатена од Економско-социјалниот совет, но се усогласуваат податоците со Државниот завод за статистика. Очекувам, ако се усогласиме, од септември да почнеме да ја применуваме, рече денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески.  Одговорајќи на новинарски прашања по работниот состанок во Стопанската комора, Ристески уште еднаш истакна дека  […]

В понеделник ќе се знае за колку ќе се усогласи минималната плата, на дневен ред на ЕСС и владината потрошувачка кошничка


В понеделник, на 2 март, ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет. Како што изјави за МИА министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, меѓу точките од дневниот ред ќе биде и Просечната потрошувачка кошничка која Владата веќе ја изготви, но се уште го чека ставот на работодавачите и синдикатите. На седницата на ЕСС ќе […]

Мицкоски сака пет, а не една потрошувачка кошница


Премиерот Христијан Мицкоски денеска предложи да има пет потрошувачки кошница, за разни категории население, а не една како што сега. Тој смета дека треба да има одделни потрошувачки кошница за самци, за млади брачни парови, за тричлено  и четиричлено семејство и за пензионер.  “Мислам дека во иднина треба да опфатиме анализа на пет потрошувачки кошница […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги турна граѓаните во сиромаштија


Опозициската СДСМ денеска ја обвини власта дека ги осиромашува граѓаните, откако ССМ ги објави најновите податоци за синдикалната минимална кошница.  Животот станува уште поскап, инфлацијата притиска а куповната моќ на граѓаните е срушена”, вела од СДСМ. Синдикалната минимална кошничка за јули е повторно зголемена и достигна 65.328 денари, што е  нов удар по џебот на […]

Потрошувачката кошница, сепак, ќе биде за четиричлено, а не за тричлено семејство


Во завршна фаза е изработка на официјална потрошувачка кошница за четиричлено семејство, со цел да се дефинираат реални социјални и економски мерки без простор за манипулции, соопшти министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Кои производи ќе ги содржи таа и нејзиниот износ ќе биде соопштено откако ќе се формира Економско-социјалниот совет (ЕСС). Владата, инаку, […]

„Јалови владини политики“: Марјан Николов за просечната кошница за тричлено семејство


  Просечната кошница што ја најави владата, како одговор на синдикалната потрошувачка кошница, уште пред официјалното претставување предизвика бројни контроверзи. Меѓу другото, во владиниот предлог, наместо четиричлено, се предвидува пресметките да се однесуваат на тричлчено семејство, потоа ќе се земаат во предвид само сезонски земјоделски производи, летувањето во странство е прогласено за луксуз, исто така […]

Одморот во странство бил луксуз: Владината потрошувачка кошница е за тричлено семејство


  Владата во новата просечна кошница ќе го штити стандардот на граѓаните со тоа што ќе ја пресметува за тричлено семејство, наместо за четиричлено како во сидикалната кошница, но и со кратење на одморите во странство, алкохолот, цигарите и други производи кои ги смета за луксуз. Како што изјави денес заменик-министерот за економија и труд, […]

Се ограничуваат маржите за 102 групи производи, а за осум се замрзнуваат цените


  Владата на денешната седница донесе две одлуки со кои за 102 групи производи се ограничуваат маржите во трговијата на големо и на мало, а за осумте најосновни производи практично се замрзнуваат цените на ниво од 1 февруари годинава. Двете одлуки ќе стапат на сила следниот ден откако ќе бидат објавени во „Службен весник“, а […]

СДСМ: Владините мерки немаат ефект, цените не се намалија


Опозицискста СДСМ во соопштение до медиумите се осврнува на последните податоци на Државниот завод за статистика кои покажаа дека инфлацијата во декември лани во однос на истиот месец во 2023 година е зголемена за 4, 4 проценти, а трошоците на живот се зголемиле за 3,5 отсто, а цените на мало за близу 4 проценти. „Со […]

Мицкоски ги обвини трговците дека успехот го прават преку цените, а не со иновативни методи


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека на дневна основа се следат случувањата со цените во маркетите и дека институциите жестоко ќе реагираат доколку повторно има, како што ги нарече, „несакани појави“. Тој ги обвини трговците дека успехот го прават преку цените, а не со иновативни методи.  „Моравме да интервенираме и да покажее колку сме сериозни […]

Завршува есенската потрошувачка кошница, што нѐ очекува утре во маркетите?


Завршува мерката за ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи што беа опфатени со есенската потрошувачка кошница. Одлуката ја донесе Владата во втората половина на септември, а со неа беа опфатени 73 основни прехранбени производи на кои бруто профитната маржа им беше ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало.  […]

Мицкоски oчекува намалување на цените од најмалку 10 проценти, договореното да се почитува


Очекувам тоа што е договорено да биде и почитувано. Мерката треба да стартува денеска и очекувам намалување од најмалку 10 проценти, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, во однос на стапувањето во сила на ограничените профитни маржи за 73 прехранбени производи од есенската потрошувачка кошница.  За реакциите од граѓаните дека дел од маркетите ги покачиле цените […]

Какви ќе бидат ефектите од ограничување на профитната маржа


Оваа недела се очекува граѓаните да ги почувствуваат ефектите од владината одлука за ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи. Цените на 73 прехранбени производи кои се дел од есенската потрошувачка кошница треба да бидат пониски до 31 октомври.  Од Министерството за економија велат дека одлуката ќе почне да се применува веќе […]

Ќе се најде ли решение за есенската потрошувачка кошница


Се бара решение за есенската потрошувачка кошница со кое ќе им се помогне на граѓаните, но нема да бидат оштетени ниту производителите, ниту трговците. Од Министерството за економија велат дека министерот веќе имал средби и дека ќе бидат слушнати предлозите од сите страни. Предлозите од Министерството за економија ќе бидат доставени до Владата и разгледани […]

Се чека одлука за есенска потрошувачка кошница со пониски цени


Министерството за економија денеска треба да добие Предлог од работната група за есенската потрошувачка кошница со според најавите 100 прехранбени земјоделски производи со ограничени трговски маржи или замрзнати цени. Според најавите, со есенската кошница треба да бидат опфатени зеленчук, овошје, пекарски, млечни производи,… Предлогот треба да биде усвоен утре на редовната седница на Владата. Работната […]

„Пари“: Животниот стандард во последните десет години низ факти и бројки


За една деценија, просечната плата во државава се зголемила за 68,7 проценти, а потрошувачката кошничка за речиси 52 проценти, покажува анализата на Пари, која под лупа стави бројни податоци што го отсликуваат животниот стандард на населението. Во апсолутен износ, никогаш како сега не биле потребни толку пари за да се закрпи дупката меѓу просечната нето-плата и […]

Минималната плата од 18.000 денари не може да чека до март кога животните трошоци растат, велат од ССМ


Сојузот на синдикати на Македонија вчера поднесе предлог до Собранието и до Министерството за труд и социјална политика за донесување на закон со кој минималната плата треба да изнесува 18.000 денари. ССМ бара и висината на минималната плата да не биде пониска од 60 отсто од просечната месечна нето-плата во последните три месеци, како и […]