Во руски ракетен напад на Полтава загинаа најмалку 50 лицa


  Руската армија изврши балистички ракетен напад врз Институтот за комуникации во Полтава, при што загинаа 50 лица, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Ударот ја погоди територијата на образовна институција и блиската болница. Делумно е уништена една од зградите на Институтот за комуникации. Луѓето се под урнатините. Многумина се спасени. Повеќе од 180 луѓе се […]