Во израелски напад врз училиште во Појасот Газа загинаа петмина Палестинци


Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица. Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани. Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти […]

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа


Протераниот лидер на Хамас од Газа, Калил Ал Хаја вечерва изјави дека војната е завршена и дека почнува трајно примирје. Тој наведе дека договорот вклучува: отворање на преминот Рафа во двата правци; ослободување на сите палестински жени и деца од израелските затвори; гаранции од САД, арапските посредници и Турција дека војната во Газа е трајно […]

Кац: Доколку Хамас не ги ослободи заложниците и не го положи оружјето Појасот Газа ќе биде уништен


 Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека доколку Хамас не ги ослободи заложниците и не го положи оружјето, Појасот Газа ќе биде уништен. -Бараме од Хамас само две работи, а тој нема доброволно да ги исполни: да ги ослободи сите заложници и да се разоружа. Големата сила на овој напад е директниот пораз […]

Најмалку 33 Палестинци загинаа во израелските напади врз Појасот Газа


Во денешните израелски воздушни напади врз Појасот Газа убиени се 33 Палестинци, а 25 се повредени, соопштија палестинските власти. Дваесет луѓе загинаа, а 25 се повредени при напад врз две куќи во градот Газа. Додека во нападот врз Муваси, каде живеат голем број раселени Палестинци под шатори загинаа 13 луѓе. Израелската армија тврди дека мета […]

Почина палестинскиот доктор чии девет деца беа убиени во израелски напад


Палестинскиот доктор кој загуби девет деца во израелски воздушен напад врз градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа почина од повредите, соопштија локалните здравствени власти. Хамди Ал-Наџар беше сериозно повреден кога израелските сили го бомбардираа неговиот дом на 24 мај, соопштија извори. Фотографиите од агенцијата Анадолија покажуваат дека Хамди Ал-Наџар страда од тешки […]

Рубио: САД се вознемирени од хуманитарната ситуација во Појасот Газа


Американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека Вашингтон е загрижен поради хуманитарната ситуација во Појасот Газа. – САД не се имуни или на кој било начин нечувствителни на страдањето на луѓето во Газа, каде не е доставена хуманитарна помош од 2 март, наведе Рубио. Тој го повтори […]

Макрон апелира Нетанјаху да ги прекине нападите врз Појасот Газа


 Претседателот на Франција, Емануел Макрон во денешниот телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара Израел да ги прекине нападите врз Појасот Газа и да се врати на примирјето. – Го повикав израелскиот премиер да ги прекине нападите врз Газа и да се врати на примирјето, кое Хамас треба да го прифати. Потенцирав дека веднаш […]

Арапските лидери се состанаа во Каиро за да разговараат за обновата на Појасот Газа


Арапските лидери денеска се состануваат за да разговараат за плановите за идната реконструкција на Појасот Газа, јави ДПА. Со овој самит во Каиро, египетската влада има за цел да се спротивстави на контроверзните планови на американскиот претседател Доналд Трамп за трајно „преселување“ на Палестинците во други арапски земји, наведува агенцијата. Покрај високите претставници на Египет, […]

Дел од печатот во светот за намерата на Трамп да го „преземат“ Појасот Газа


Претседателот Доналд Трамп сака САД да го преземат Појасот Газа и да го развијат економски. Колку е ова реално е под знак прашалник – во секој случај, овој потег веројатно нема да го смири расположението во кризниот регион, пишува „Зидојче цајтунг“. Веќе неколку дена на бројни фотографии и видеа се гледа како десетици илјади Палестинци […]

Повикот на Трамп – САД да го преземат Појасот Газа – предизвика остри реакции


 Изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе воспостават контрола врз Појасот Газа откако Палестинците ќе бидат преселени на друго место, предизвика остри реакции. Високиот претставник на палестинското исламистичко движење Хамас, Сами Абу Зухри, го опиша повикот до жителите на Газа да заминат како „протерување од нивните земји“. „Сметаме дека тоа е рецепт за […]

Трамп поддржува трајно населување на Палестинците, САД „ќе воспостават контрола над Газа“


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ги поддржи напорите за трајно преселување на Палестинците од Појасот Газа во места каде што ќе можат да живеат без страв од насилство. Поздравувајќи го израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа, првиот странски лидер кој го посети Трамп откако тој ја презеде функцијата минатиот месец, американскиот претседател […]

Без договор завршија вчерашните преговори во Каиро за прекин на војната во Газа


 Засега има минимални изгледи за успех на преговорите што се водат со поддршка на САД за да се стави крај на повеќемесечната војна во Појасот Газа. Повеќемесечните преговори не успеаја да донесат договор за прекин на разорната воена кампања на Израел врз Газа или за ослободување на преостанатите заложници заробени од Хамас во нападот на […]

За еден ден во Појасот Газа убиени 30 Палестинци


Палестинското Министерство за здравство во Газа денеска соопшти дека во изминатите 24 часа во израелските напади загинале 30 Палестинци. Од 7 октомври, од почетокот на војната во Појасот Газа загинаа 37.296 Палестинци. Во осуммесечната војна повредени се 85.197 Палестинци.

Израел подготвува алтернатива за власта на Хамас во Појасот Газа


Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, синоќа изјави дека Израел, во моментов додека ја изведува воената операција во Појасот Газа „подготвува алтернативна власт“ за оваа област, на местото на палестинското движење Хамас прортив кого војува веќе осум месеци, пренесе Бета. Уште кон средината на мај Галант изрази противење за воената и политичка контрола на Израел […]

Кац: Израел ќе ја продолжи воената операција во Појасот Газа додека не го уништи Хамас


Израел нема да ја прекине својата воена операција во Појасот Газа и ќе продолжи да се бори додека не го уништи Хамас и не ги врати сите заложници кои ги држи таа палестинска милитантна група, изјави израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, откако Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција со која се […]

Ниту еден хуманитарен конвој на ОН не стигна до северниот дел на Газа од 23 јануари


Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации Стефан Дижариќ укажа на страшната хуманитарна ситуација во Појасот Газа, изјавувајќи дека ниту еден од конвоите со хуманитарна помош на ОН не стигнал до северните делови на Појасот Газа од 23 јануари. -Колегите од УНРВА не потсетуваат дека ниту еден од нашите хуманитарни конвои не можеше да стигне […]

Гардијан: Израелскиот воен кабинет го разгледува „парискиот“ нацрт-договор за прекин на огнот


 Членовите на израелскиот воен кабинет разговараа за нацрт-договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците од Појасот Газа, иако нацртот се уште не е ставен на гласање во кабинетот. Предлог договорот во неделата го подготвија претставници на Египет, Катар, САД и Израел на преговорите во Париз, но членовите на палестинската милитантна група Хамас, која […]

Најмалку 21 израелски војник загина во експлозија во Појасот Газа


Израелската војска соопшти дека 21 нејзин војник загинале во Појасот Газа, кога две згради се урнале по голема експлозија, а тенк бил погоден од проектил. Портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) контраадминистраторот Даниел Хагари, соопшти дека вкупно 21 војник загинале во вчерашниот инцидент во центарот на Газа, во близина на пограничната заедница Кисуфим. Тој вели […]

Во Советот за безбедност на ОН се подготвува нова резолуција за итен прекин на огнот во Појасот Газа


Во нацртот на новата резолуција за конфликтот меѓу Израел и Хамас, за која денеска треба да се гласа во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН), се повикува на „ итен и одржлив прекин на непријателствата што би овозможил безбеден и непречен хуманитарен пристап до Појасот Газа и итно и безусловно ослободување на […]

Израелските тенкови стигнаа до центарот на градот Кан Јунис во Појасот Газа


 Израелските тенкови стигнаа до центарот на градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, објавија британските медиуми. Жителите на градот велат дека тенковите стигнале до главната сообраќајница која минува низ централниот дел на градот и ги поврзува северните и јужните делови на Појасот Газа. Ова се случи по интензивните ноќни борби, кои сепак успеаја […]