ДПМ ја одбележува својата 75-годишнина со третото издание на „Поетски Вавилон“


Друштвото на писателите на Македонија денеска во просториите на писателската асоцијација ќе ја одбележи 75-годишнината со настан од третото издание од литературната манифестација „Поетски Вавилон“. На манифестацијата ќе настапат 30 автори од повеќе генерации, различни поетики и на повеќе јазици на кои создаваат авторите или имаат преведени творби. Преплетот на повеќе јазици ја симболизира Вавилонската […]