Данска може да смести 60 отсто од своето население во подземни бункери во случај на војна


Данска има простор да смести најмалку 3,6 милиони луѓе во подземни бункери доколку некогаш има потреба да го засолни населението во случај на војна или катастрофа. Подземните засолништа и бункери би собрале околу 61 отсто од данското население, пишува данскиот дневен весник „Јиландс Постен“, додавајќи дека последниве две години властите го прошируваат просторот за засолништа. […]