Четворица од повредените во Кочани денеска ќе бидат отпуштени од софиската болница „Пирогов“


Четворица од повредените во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување. Раководителката на Клиниката за изгореници и пластична хирургија во болницата Маја Аргирова, за БТА изјави дека сите четворица се во добра состојба. Дадени се инструкции за натамошен третман, во тек е лабораториско следење […]

Сиљановска-Давкова во „Пирогов“: Роднините на кочанските пациенти задоволни од третманот


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, со чувство на длабока и искрена грижа, најпрво ја посети болницата „Пирогов“ во Софија каде што се згрижени и се лекуваат македонските граѓани повредени во трагичниот пожар во Кочани. За време на посетата, претседателката оствари средба со министерот за здравство, проф. д-р Силви Кирилов, заменик-директорот на болницата, проф. д-р Николај Габровски и […]

Сиљановска-Давкова ги посети повредените од пожарот во Кочани кои се лекуваат во Софија


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ги посети повредените од пожарот во Кочани, кои се лекуваат во болницата „Пирогов“. За време на посетата, претседателката оствари средба со министерот за здравство, проф. д-р Силви Кирилов, заменик-директорот на болницата, проф. д-р Николај Габровски и раководителката на Одделот за изгореници и пластична хирургија, доц. д-р Маја Аргирова. Во […]

Двајца од хоспитализираните во Бугарија се екстубирани, еден е на маска за кислород, а останатите се во тешка, но стабилна состојба


 Двајца од 15-те поврдени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија, се екстубирани, еден е на маска за кислород, а останатите се во тешка, но стабилна состојба, соопшти попладнево прес-службата на бугарското Министерството за здравство.  Екстубаираните пациенти, како и пациентот со маска за кислород, се во Универзитетската болница за активно лекување и итна […]

Осум повредени од Кочани примени во софиската болница „Пирогов“, нивната состојба е тешка, вели директорот д-р Димитров


Вкупно осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија, изјави на прес-конференција директорот на болницата, д-р Валентин Димитров, јави БТА. Меѓу примени пациенти има тројца малолетници – две девојчиња и едно момче, додека останатите се четворица мажи и една жена, на возраст […]