Италијанец нашол слика и ја чувал на ѕид со децении. Не знаел дека е од Пикасо
Слика пронајдена од италијански трговец со антиквитети додека чистел подрум во куќа на Капри е оригинален портрет насликан од шпанскиот сликар Пабло Пикасо, открија италијански експерти. Откако случајно ја пронашол сликата во подрумот на куќата во 1962 година, Луиџи Ло Росо го однел платното дома во Помпеја, каде што висело на ѕидот од дневната соба […]