Техничка грешка бил мејлот кој д-р Петличковски го добил за неговата смена од КЗБ


Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски информираше дека вчера добил електронска пошта со листа на имиња, на која претседател на КЗБ бил друг. Сепак, потоа дошло до корекција. -Разговаравме со министерот за здравство и прилично уверливо ми објасни дека се работи за техничка грешка, па оттаму продолжуваме понатаму во истиот состав. Мејлот […]

(Во живо) Петличковски: Ди-Те-Пер вакцини за возрасни нема, ги очекуваме деновиве


Од Комисијата за заштита од заразни болести, задоволни се од одѕивот на децата кои во последниот период се вакцинирале со ДиТеПер вакцина, со што стануваат заштитени од пертусис или таканаречена магарешка кашлица.  – Болеста кај возрасните не е страшна, но тие се опасни за малите деца и треба да се внимава да се заштитат. За […]

Кај детето со голема кашлица на Детската клиника се применува имуносупресивна терапија


Кај четиригодишниот пациент кој е вакциниран со голема кашлица, а е хоспитализиран на Детска клиника се работи за состојба која индицира примена на имуносупресивна терапија. Имуносупресивната терапија дава простор луѓе и деца кои се вакцинирани да имаат можност да бидат заразени, меѓутоа, секако дека кај нив инфекцијата ќе помине полесно отколку ако не бил имунизиран, […]

Петличковски: Да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје (Видео)


  Со оглед на последните бројки, 18 потврдени случаи со голема кашлица и имајќи предвид дека во изминатите денови овој број расте, особено на територија на град Скопје каде што се потврдени 14 случаи, се одлучивме да предложиме да препорачаме прогласување на епидемија за град Скопје, изјави денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни […]

Препорака да се носат маски во здравствените и домовите за згрижување стари лица


Комисијата за заштита од заразни болести на редовен состанок денеска утврди дека поради сезонските респираторни проблеми, сите кои се чувствуваат болни треба да носат маски, а препорака е маски да се носат во здравствените институции и во домовите за заштита на стари лица.  Претседателот на Комисијата Александар Петличковски во изјава за медиумите дадена по седницата […]

Комисијата за заразни болести најверојатно ќе заседава следната недела, ништо алармантно со големата кашлица


Комисијата за заразни болести најверојатно ќе заседава следната недела, но, нема ништо алармантно во однос на магарешката кашлица, ковид и грип, изјави за МИА претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.   – Станува збор за редовен состанок и пресек на ситуацијата и ќе се види дали евентуално треба да се донесат некакви нови мерки, вели Петличковски. […]

Вакцина против сезонски грип бесплатно преку „Мој термин“ и приватно за 700 денари


Започна вакцинацијата против сезонскиот грип, граѓани се вакцинираат и бесплатно преку „Мој термин“, но и приватно, на свој трошок. Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Бесим Зеќири во изјава за медиумите рече дека од утринските часови имало пациенти коишто се вакцинирани преку „Мој термин“, како и одредена група, приватно. – Ние имаме вакцини […]

Петличковски: При каснување од крлеж што побрзо да се побара медицинска помош


Доколку се случи да бидеме каснети од крлеж, треба што побрзо да побараме медицинска помош, а не да се обидуваме самите да ја завршиме работата дома, изјави вечерва на „Сител“, претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски. – Последната сериозна епидемија со конго-кримска хеморагична треска, се случила во 1971 година. Значи, многу одамна. Изминатите […]

Петличковски: Кај нас официјално нема Кракен, но многу е веројатно дека е тука


 Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски изјави дека кај нас се уште официјално не е регистрирана подваријантата на ковид Кракен, меѓутоа многу е веројатно дека е тука. Утре се очекуваат резултати од секвенционирање на десетина примероци. -Во тек е во моментов нова рунда на секвенционирање на неколку десетина примероци. Очекуваме утре да […]

Петличковски: Нема место за паника, досега нема потврден случај на сојот на коронавирусот „кракен“


  Нема место за паника, досега во државава нема потврден случај на сојот на коронавирусот „кракен“, изјави за МИА Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести. – Сѐ уште нема регистрирано кај нас, бидејќи последното секвенционирање на позитивните примероци на ковид е направено на 5 декември и во таа рунда на секвенционирање, не е […]

Здравствените власти не можат да земат примерок од кичевецот кој можеби има мајмунски сипаници


Здравствените власти не можат да обезбедат примерок за тестирање од првиот сомнителен случај на мајмунски сипаници во земјава, од пациентот од Кичево за кој од Комисијата за заразни болести очекуваат до крајот на неделата да има резултат од тоа тестирање ако се организира во меѓувреме. -Откако го напуштил Инфективното одделение во Кичево, со него не […]

Во ИЈЗ се проверува дали пациентот од Кичево има мајмунски сипаници


До Институтот за јавно здравје во текот на денот треба да пристигне  примерок за тестирање на сомнителен случај на мајмунски сипаници. Пациентот е од Кичево, во добра здравствена состојба и нема потреба од хоспитализација, соопшти претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски. -Пациентот е лоциран. Контактиран е од надлежниот епидемиолог во Битола и првичната […]

Петличковски: Засега нема потреба од нови рестриктивни мерки, треба да се подготвуваме за есента


Со моменталната ковид-ситуација нема потреба од нови рестриктивни мерки, последните препораки за задолжително носење на маски во болници, аптеки, јавен превоз и старечки домови засега се доволни, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски. Тој во вечерашното гостување во емисијата „Жешко столче“ на Канал 5, беше дециден дека според моменталната ситуција со околу […]

Не може да сме сигурни дека кризата со Ковид-19 заврши, но ќе имаме неколку мирни месеци


Не може да сме сигурни дека кризата со коронавирусот заврши, но знаеме дека во моментов ризикот за некаква сериозна компликација и сериозен притисок на нашиот здравствен систем е многу низок и од таа причина одлучивме да предложиме укинување на речиси сите рестриктивни мерки, со назнака дека на дневна и неделна основа ги дискутираме бројките, го […]

КОВИД пандемијата во помирен период, од есен подготовки за евентуален нов бран


Продолжува трендот на опаѓање на бројките на новозаболени и активни случаи на КОВИД-19. Надлежните остануваат на ставот дека сега се наоѓаме во безбедна зона, но дека треба да бидеме подготвени за евентуален нов бран во текот на есента. – Сега се наоѓаме во многу помирен дел од пандемијата, но од есен ќе се прават подготовки […]

Укинување на сертификатите за влез во моловите, препорачува Комисијата за заразни болести


Комисијата за заразни болести препорача укинување на сертификатите задолжителни за влез во моловите, односно онаму каде што не е задолжително носење маски. – Донесовме еден заклучок, а тоа е да се препорача укинување на сертификатите задолжителни за присуство на моловите, односно каде не е задолжително носење маски. Ова е еден чекор во насока на олеснување […]

Петличковски: Ивермектин не е лек за Ковид-19


Ивермектин не е лек што треба да се препише за болни од Ковид-19, но затоа пак изработени се препораки за лекарите кои лекуваат вакви пациенти, кои пак, ќе претрпуваат измени, како ќе се појавуваат нови сознанија во врска со лекувањето на оваа болест.  Ова го истакна д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заштита од […]

Петличковски: Голем дел на високата смртност од Ковид-19 се должи на нашето запоставено здравје


Во ниеден контекст не можам да кажам дека зголемената смртност од Ковид-19 е резултат на непочитување на протоколите. Мислам дека голем дел на високата смртност се должи на нашето запоставено здравје, истакна денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски. Според Петличковски, сите здравствени работници најдобро се обидуваат да се справат со Ковид-19. -Во ниеден […]

Петличковски: Од понеделник ќе се прави скрининг-тестирање за имунитет на Ковид-19


 Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски најави дека од понеделник ќе почне скрининг-тестирање по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на Ковид-19 има населението во земјава. Тоа, рече, ќе помогне во планирањето на идните активности и на Комисијата и на државата. Едно вакво тестирање беше направено пред една година […]

Само пет проценти примиле трета доза вакцина во Македонија


За целосно вакцинирани се сметаат лицата со примена трета доза вакцина против Ковид-19. Во овие две години наназад се покажа дека вакцинацијата е единствениот начин да се намали смртноста, бидејќи тоа што ни се случува со примање на две дози и на трета доза вакцина не значи дека сме отпорни од болеста со појавата на […]