Гостиварец сакал да внесе над 40 илјади петарди и огномети, го фатиле на граничниот премин Блаце


Во акција на мобилен царински тим, запленети се 40.872 парчиња пиротехнички средства – петарди и огномети, ризични по здравјето на граѓаните. Поведена е кривична постапка против сторителот, македонски државјанин од Гостивар, при што поднесена е кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и со експлозивни материи, казниво по Кривичниот законик, соопшти […]

МВР со превентивни кампањи за можни последици од употреба на петарди и други пиротехнички средства за празниците


Министерството за внатрешни работи (МВР) продолжува со превентивни кампањи со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелни пред и за време на новогодишните и божиќните празници. – Во соработка со Црвениот крст, спроведуваме низа активности, се делат летоци со едукативна содржина, организираме […]

Петардите не се играчки – тие се опасни


Петардите се опасни, штетни и воопшто не се кул е пораката на кампањата за превенција од употреба на пиротехнички средства „Петарди НЕ – безбедност пред сè“ која денеска ја порача министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на показна вежба која се одржа на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Оваа година кампањата ја реализираат Министерството за внатрешни […]

Запленети 7.000 петарди и огномети во Битола


Полициски службеници од СВР Битола денеска го лишиле од слобода З.Т.(60) од Битола, во чиј дом и помошна просторија при претрес во периодот од 00.20 до 01.05 часот, биле пронајдени  4.080 парчиња различни пиротехнички средства-огномети и петарди. Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 20.30 часот, на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, при преглед […]

Во Тетово запленети над 2500 парчиња пиротехнички средства, приведени две лица


СВР Тетово информира дека денеска полициски службеници околу 13:30 часот привеле две лица на плоштадот кај кои нашле и одзеле над 2500 парчиња пиротехнички средства. Посочуваат дека за двајцата ќе следат пријави. -Полициски службеници ја привеле 53-годишната Х.М. од тетовски Челопек кај која биле пронајдени и одземени 1686 парчиња пиротехнички средства, а десеттина минути пред […]

Родители во Љубљана го пријавиле сопственото дете поради петарди. Полицијата ги пофали


Како што пренесува словенечкиот N1, родителите од Љубљана кај нивното дете пронашле пиротехнички средства, кои тоа ги купило без нивно знаење, а тие самите ја повикале љубљанската полиција. „Со своето одговорно однесување дефинитивно му дадоа пример на детето и спречија евентуални повреди“, ги пофали љубљанската полиција и додаде дека се работи за речиси 400 парчиња […]

За новогодишните и божикните празници нема примено пациенти со повреда од петарди


За време на новогодишните и божиќните празници на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје не бил примен ниту еден пациент со повреда од петарди и пиротехнички средства. – Се надеваме дека овој тренд ќе го зачуваме и понатаму и во наредните години, информираат од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија. Во […]

Приведени две лица од Куманово, пронајдени околу 4.000 петарди


 Кумановската полиција ќе поднесе соодветни пријави за две лица откако при претрес пронашле 4.000 парчиња петарди. Како што соопшти полицијата, синоќа во 22.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода С.М.(37) и А.Б.(28), двајцата од Куманово. При претрес во домот на […]

Во Германија, Австрија и Холандија тројца мртви поради пиротехника


Пиротехниката на новогодишната ноќ во Европа однесе три животи во Германија, Холандија и во Австрија, а повредени се уште дваесетина луѓе. Во градот Хенеф во Северна Рајна Вестфалија загина 37-годишен маж, а тешко повреден е негов 39-годиѓен пријател. Двајцата славеле Нова година со уште 20-тина луѓе, од кои се одвоиле по полноќ. Сведоци слушнале гласна […]

Приведено лице од струшко, запленети 4.400 парчиња пиротехнички средства


На 31.12.2021 година, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на М.М.(47), од струшкото село Лабуништа. Како што соопшти МВР, притоа, полициските службеници од ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа 4.400 парчиња пиротехнички средства – петарди што неовластено ги поседувал. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Германците нагрнаа во Полска да купуваат петарди и огномети


  Германците кои се обидуваат да ѝ пркосат на владината забрана за домашна продажба на огномет пред новогодишните прослави, во колони се упатуваат преку границата кон полските продавници и фабрики. Овој месец беше објавена забрана втора година по ред во обид да се спречат големите собири за време на пандемијата и да се олесни товарот […]

На Бит Пазар запленети околу 2 000 парчиња пиротехнички средства


Вкупно 1 828 парчиња разновидни пиротехнички средства биле биле пронајдени и одземени вчера на Бит Пазар, информираат од Министерството за внатрешни работи. Како што информираат оттаму, средствата биле пронајдени при координирана акција за спречување на продавање и употреба на пиротехнички средства  на подрачје на град Скопје која ја извршиле Полициски службеници од Единицата за недозволена […]

Запленети над 6.000 пиротехнички средства во Прилеп, приведени три лица


Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи и Полициската станица од Прилеп, постапувајќи по планот за откривање и санкционирање на продажба на пиротехнички средства, денеска со судска наредба извршиле претрес во магацински простор од продавница, сопственост на М.К.(64), при што пронашле и заплениле околу 5.000 парчиња пиротехнички средства. Лицето е лишено од слобода и […]

Запленети околу 5.000 парчиња пиротехника на плоштадот во Тетово


Тетовски полицајци денеска на градскиот плоштад приведоа 25 годишник кај кого се најдени 5.000 парчиња пиротехника, поради сомнение за нелегална трговија. -Во 16.30 часот од страна на полициски службеници од Тетово при преземање мерки по план за откривање на лица кои продават пиротехнички средства, на плоштадот во Тетово е лишен од слобода Р.Ш. (25) од […]

„Стоп со употреба на петарди“ – симулирана вежба за опасноста од пиротехнички средства


Со симулирана вежба во која на девојка и е нанесена тешка повреда на раката како резултат на користење пиротехнички средства, на плоштадот „Македонија“ денеска Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст алармираа за опасноста од употребата на петарди и други распрскувачки материи. Портпаролот на МВР Тони Ангеловски потенцира дека секоја година во целиот свет околу […]