Владата ќе дискутира за загаденоста на воздухот во Скопје


Владата на една од наредните седници ќе дискутира за решавањето на проблемот со загаденоста во Скопје, најави министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој вели дека овој проблем не е вчерашен. Според Перински  токму ова е еден од проектите со кој се трудат да ја подобрат сликата во делот на подобрување на капацитетите на почиста […]

Арсовска веројатно нема да добие од унгарските пари за нови автобуси, Перински вели парите се за инфраструктурни проекти


Дури 330 проекти од 72  општини се стигнати до надлежните министерства до вчера, со кои се аплицира за 250 милиони евра пари кои Владата ги обезбеди преку Унгарија и ги намени за подобрување на условите за живеење. – Нема да остане локална самоуправа која не аплицирала за средствата што Владата ги нуди за подобрување на […]

Трите општини со В.Д. градоначалници нема да може да ги користат парите од Владата ако не помине Законот за локална самоуправа


Ако трите општини чии градоначалници зазедоа други државни функции, одржуваат избори како што налага актуелниот Закон за локална самоуправа, тие општини нема да можат да ги искористат парите од проектите за 250 милиони евра наменети од Владата, со што ќе бидат дискриминирани. Затоа, министерот за локална самоуправа Златко Перински се надева дека тој ќе биде […]

Перински чека „Вреди“ да иницира промени на законот за назначување градоначалници


  Уште нема никаква иницијатива за измена на законот за локална самоуправа со која ќе се овозможи назначување градоначалници пред завршување на нивниот мандат, во случај кога општините остануваат без градоначалник, затоа што тој добил друга функција за извршување.  По последните парламентарни избори, три општини во Македонија (Аеродром, Гостивар и Сарај) останаа без градоначалници, кои […]

(Во живо) Мицкоски и Перински за повикот за доделување 250 милиони евра на општините


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински одржува  прес-конференција за медиуми во Медија центарот на Влада.

Перински со градоначалниците на Југозападниот регион за проектите кои ќе ги поддржи Владата


Министерот Перински на состанок со градоначалниците на општините од Југозападниот плански регион Скопје, 29 јули 2024 (МИА) – Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска на состанок со градоначалниците на општините од Југозападниот плански регион ги отворил сите приоритетни прашања со кои што се соочуваат локалните власти. Како што соопштија од владината прес-служба, министерот Перински […]

Перински: Секој предлог или забелешка од локалните власти ќе бидат сериозно разгледани


Во серијата состаноци со градоначалниците, денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински имаше работен состанок со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион. До крајот на месецот ќе остварам средби со сите градоначалници, директните разговори се најдобриот начин да се запознаам со состојбите во општините, со проектите што се реализираат но и со отворените прашања на чие […]

Перински на состанок со градоначалниците од Источниот плански регион: Да се намали иселувањето


Министерот за локална самоуправа Златко Перински, денеска имаше средба со сите градоначалници од Источниот плански регион. „Сакам да ве слушнам сите, изворно да се информирам за потребите на општините и што може јас како министер и Владата да помогнеме за да се подобрат условите за живеење и воопшто, за развој на општините“, рече министерот за […]

Перински до градоначалниците: Искористете ги првите 100 милиони евра со добри проекти


Министерот Перински со градоначалниците од Скопскиот плански регион: Убеден сум дека општините ќе аплицираат со зрели проекти и првите 100 милиони евра од Владата наскоро ќе ги почувствуваат граѓаните со решавање на нивни приоритетни потреби Министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска имаше состанок со градоначалниците од Скопскиот плански регион. На состанокот се разговараше за приоритетите […]

Општина Гази Баба со повеќе проекти по парите од Владата


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски имаше средба со Министерот за локална самоуправа Златко Перински, на која разговарале за проектите со кои општината ќе бара од ветените буџетски пари. – Го информирав министерот Перински за подготвеноста на општина Гази Баба за најавениот јавен повик од премиерот Христијан Мицкоски за финансирање на капитални проекти на […]

Пенов му посака успешна работа на Перински во интерес на сите граѓани


Во Министерството за локална самоуправа денеска е направено формално примопредавање на должноста министер за локална самоуправа. По изборот во Собранието, новиот министер за локална самоуправа Златко Перински во кабинетот беше пречекан од досегашниот министер, Ристо Пенов. На средбата се разговараше за реализацијата на тековните проекти на Министерството за локална самоуправа, за имплементацијата на политиките за […]

Разрешен директорот на „Водовод“ поради самоволие при избор на изведувач за пречистителната станица


Град Скопје го разреши Златко Перински, в.д директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер. Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден […]

Златко Перински е нов директор на „Водовод и канализација“


Златко Перински e нов в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ .   Перински е магистер по менаџмент за човечки ресурси со менаџерско искуство во приватниот сектор, а има искуство и како дел од раководниот тим на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.   Перински има работно искуство во повеќе успешни компании со подружници во 7 европски […]