Во прекин патниот правец Берово-Струмица на потегот од Владимирската до Русинската крстосница


 Авто мото сојузот на Македонија попладнево информира дека патниот правец Берово-Струмица на потегот од Владимирската до Русинската крстосница е во прекин за сите видови на возила. На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива непречено. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Претпладнево два часа блокада на регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид


  Овоштарите од Преспа, претпладнево од 10 до 12 часот ќе одржат протестен собир на местото викано „Макази“ и ќе го блокираат регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид. Протестот на овоштарите се организира заради неисплатен надоместок за предизвикана штета од невреме со град и мраз во зимски услови врз овошните насади од 2016 година, дел од 2017 […]