Пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан се одржува погребната церемонија на Бенедикт Шеснаесетти
Со изнесувањето на ковчегот со посмртните останки на Бенедикт Шеснаесетти на плоштадот „Свети Петар“ пред истоимената базилика во Ватикан започна погребната церемонија на поранешниот поглавар на Римокатоличката црква. Огромна толпа верници и великодостојници, јавни личности и обични луѓе со аплауз го пречекаа ковчегот пред базиликата. Меѓу официјалните гости присутни се претседателите на Италија, Германија, Полска […]