Тошковски за случајот на врсничко насилство во Скопје: Кривични и за децата и за родителите, но позорникари не може да се обезбедат


Насилството меѓу врсници бара меѓуинституционален одговор, каде покрај МВР, би се вклучило и МОН, како и социјалните служби, но и судовите и обвинителството, смета министерот за внатрешни работи, Панче Тоѓковски, но признава дека бројката на полицајци, не е доволна за да се воспостави позорникарска служба, односно да патролираат полицајци секаде каде што се движат граѓани. […]

Тошковски се поистовети со МВР во расправата за интерпелацијата


  Непотизам, богатење, судир на интереси, неспособност и партизација. Врз тие неколку премиси претседателот на Левица, Димитар Апасиев, го темелеше образложението на интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Неговиот говор беше жесток, но не навредувачки и конципиран на поинаков начин отколку во други случаи на интерпелација на министри. Во одговорот, Тошковски ја поистовети […]

По Мицкоски и Тошкоски бил шокиран за мазутот. Обвинителката вели дека од ЕСМ дале исказ оти нема штета


  Еден од клучните случаи врз кои ВМРО-ДПМНЕ како опозиција, а потоа и како влада го креираше наративот дека претходните власти краделе многу од државните пари спектакуларно се распадна, а премиерот и министрите ги собираат искршените парчиња од „вазната“ за мазутот за ТЕЦ „Неготино“. Прво премиерот Христијан Мицкоски изјави дека бил „шокиран“ од Обвинителството за […]

Тошковски: Полицаец ќе може ведаш да отстрани насилник од домот


Семејното насилство е проблем што со години бил јасно видлив и во институционалната пракса, но и во статистиката и предолго се третирал фрагментирано со задоцнета реакција и без суштинска координација меѓу институциите, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната надзорна расправа организирана од собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите. Тема […]

Мицкоски не го дава Тошкоски и ја праќа опозицијата на медицински преглед


  Премиерот Христијан Мицкоски застана зад министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, околу трагедијата со мајката и ќерката во Карпош и рече дека на опозицијата ѝ треба медицински преглед затоа што побарала негова оставка. „Јас не би ја коментирал опозицијата, бидејќи тие бараат оставка секој ден, од секого. Без разлика какви се нивните аргументи, институциите […]

Министерот Тошковски ги повика институциите да ги проверат документите за тендерот за униформи


 Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека сите документи поврзани со тендерот за униформи за МВР се јавно достапни. Одговарајќи на прашање за обвинувањата од СДСМ, кои тврдат дека тендерот е скандалозен и дека документите ги доставиле до Антикорупциската комисија, Тошковски потенцираше дека ќе бидат транпарентни во целот на постапката. – Уште еднаш […]

Тошковски ќе ги презентира резултатите од работата на МВР за изминатата година


Во салата на киното „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе ги презентира резултатите од работата на Министерството за внатрешни работи за изминатата година. На настанот, како што информираат од МВР, ќе присуствуваат претседателот на Владата, Христијан Мицковски, министри, раководството на министерството и други официјални гости. По настанот, во […]

За пирамидалната шема „Конти“ до сега нема кривична пријава, граѓаните да бидат внимателни, вели Тошковски


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска апелираше граѓаните да внимаваат со потенцијалните инвестиции во апликации и информира дека досега не е поднесена ниту една кривична пријава поврзани со „Конти“. Според Тошковски, оние што учествувале како жртви во овој, како што рече, потенцијално кривичен правен настан, да се обратат до МВР за да се истражат […]

Во Скопје, Тетово и Куманово набрзо ќе биде ставен во функција системот „Безбеден град“


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека системот „Безбеден град“ многу набрзо ќе биде ставен во функција, и тоа првично во Скопје, Тетово и Куманово.  – Сите сакаме ред, кој не сака ред? Сите сакаме да има ред, сите сакаме да спиеме навечер без да има гласна музика, сите сакаме да имаме мир без […]

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес


Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.  Тој по гласањето во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар одговарајќи на новинарско прашање за екипираност на МВР, нагласи дека квалитативно и квантитативно бројките се како што […]

Тошковски: СВР Охрид е спремен за справување со безбедносните предизвици кои ги носат изборите


Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски за време на денешната посета на Секторот за внатрешни работи Охрид, напомена дека треба да се размислува за дислоцирање на СВР Охрид во поголем објект, кој ќе биде на соодветна локација која ќе овозможи поефикасно работење. Тој посочи дека во делот на спроведувањето на изборите кои ни претстојат, […]

Владата поништи пет наредби на Тошковски, тој го нарече тоа „скандалозно“


  Откако Владата на вчерашната седница прогласи за ништовни пет наредби за кадровски прераспоредувања и распоредувања во подрачни сектори на МВР, донесени од страна на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, бидејќи биле со едностран потпис, тој денеска гневно реагираше. Тошковски ја нарече одлуката „скандалозна и спротивна на законите“.  „Една од петте поништени наредби се […]

Тошковски како Џафери: Влета во МТВ да спроведува ред за земањето пасоши


  Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, претпладнево неочекувано се појави во пунктот за издавање лични документи во МТВ заедно со повеќечлена придружба и ги постројуваше вработените пред граѓаните што чекаа, прекорувајќи зошто, наводно, работеле бавно.  „Зошто вратите се затворени“, „Зошто има гужва“ – им зборуваше Тошковски на молчаливите вработени, како што тоа неодамна […]