Василичарите си го кажаа своето: Со палење на маските заврши Вевчанскиот карневал


Последиците од економската и енергетската криза и лошото владеење во општеството претставени преку креативните вевчанци попладнево симболично изгореа во центарот на Вевчани, во рамките на завршниот дел од Вевчанскиот карневал. Василичарите го изиграа традиционалното оро и ги запалија маските со што, според верувањето, го избркаа злото и прочистени ќе имаат среќна и бериќетна Нова година. […]