Шест години пријателство што ги поврзува Крива Паланка и Франција преку Europ’Raid


Крива Паланка и оваа година со особена радост ги пречека учесниците на Europ’Raid, авантуристичкото европско патување кое веќе шест години создава мостови на пријателство меѓу Франција и Македонија, преку дружење, солидарност, културна размена и незаборавни средби. Пристигнувањето на караванот од автомобили повторно внесе посебна енергија во градот, но и уште еднаш покажа дека Europ’Raid е […]

Крива Паланка добива адреналински парк – речиси е готов


Во рамки на теренската посета, градоначалникот изврши увид во завршната фаза од изградбата на Адреналинскиот парк на туристичкиот локалитет Калин Камен, уредувањето на просторот кај поранешното училиште во село Градец, како и во тековните работи за уредување на кејот на Крива Река. Станува збор за проекти што ќе придонесат за поуреден јавен простор, нови туристички […]

Крива Паланка изработи зелен катастар


Општина Крива Паланка успешно го заврши процесот на изработка на Зелениот катастар, современ систем за евидентирање, следење и управување со зелените површини и дрвенестите растенија во урбаните делови на градот. Во рамки на овој процес беше спроведено сеопфатно теренско снимање, при што се евидентирани околу 5.000 дрвенести растенија на територијата на урбаниот дел. Податоците се […]

Традиционална Бадникова прослава 2026 во Крива Паланка


Општина Крива Паланка  и Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“и оваа година ја организираат традиционалната Бадникова прослава, која ќе се одржи на 6 јануари 2026 година, на Градскиот плоштад во Крива Паланка. Прославата ќе започне во 11:30 часот со Бадникова поворка, која ќе тргне од плоштадот „Карпошово востание“, ќе продефилира низ главната улица и ќе заврши на Градскиот […]

(Фото) Крива Паланка повторно најубаво украсен град во Македонија


Градскиот плоштад во Крива Паланка вечерва стана вистинска сцена на зимска бајка, означувајќи го свечениот почеток на празничната сезона со спектакуларно осветлување на новогодишната елка и богата програма. Општината и оваа година, како што веќе е традиција, го претвори градот во еден од најубаво украсените центри во државата, создавајќи празнична еуфорија која ги воодушеви граѓаните […]

Патишта и проекти за развој на туризмот се реализираа во општините од североисточниот регион


Бројни проекти за изградба на патишта во помалку развиените општини како и проекти од туризмот се реализираа тековната 2023-та во североисточниот регион, информираа денеска од Центарот за развој на североисточниот плански регион (СИПР) Куманово. – Од две апликации, финансирани и одобрени од Бирото за рамномерен регионален развој реализирани се повеќе патни правци. Во Крива Паланка […]

Два патни правци во Кривопаланечко ќе се изградат со грантови


 Општина Крива Паланка доби грант за изработка на проектно -техничка документација за два локални патни правца. Проектите се во вредност од околу 35.000 долари, грант од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). -Градоначалникот Сашко Митовски потпиша договор за финасирање на проектно-теничка документација за реализација на приоритетни инфраструктурни проекти, два значајни патни правци во Крива […]

Опожарена градската депонија во Крива Паланка


Гори градската депонија во Крива Паланка, пожарот настанал околу два часот утрово, а бидејќи, според информациите од Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, настанал од две страни, е од поголем размер и сè уште се работи на гасењето на истиот. Командирот на ТППЕ Крива Паланка, Иле Коцевски, информира дека дојавата е примена околу два часот […]