Македонските ракометари подобри на првиот тест-натпревар со Црна Гора
Македонската ракометна репрезентација забележа победа на денешниот натпревар со Црна Гора. Избраниците на селекторот Кире Лазаров одиграа рутински натпревар и заслужено победија со 38:33. Најефикасен во победничкиот состав беше Дејан Манасков со 10 голови, по пет постигнаа Гоце Георгиевски, Филип Талески и Игор Ѓоргиев. Двете репрезентации утре ќе одиграат уште еден пријателски натпревар. Овие натпревари, […]