Поедноставен транспортот на храна меѓу Северна Македонија, Србија и Албанија


  Стапи во сила Договорот за соработка во областа на ветеринарството, безбедност на храна и фитосанитарната политика, потпишан во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Согласно Договорот, поедноставени се царинските постапки поради што е и олеснет транспортот на храна. -Иницијативата „Отворен Балкан“, со кој меѓу Албанија, Србија и Република Северна Македонија во декември минатата година се […]

Недимовиќ: Камионите повеќе не чекаат на границите поради добрите договори на „Отворен Балкан“


Главната придобивка за земјоделството од потпишаните договори во рамки на иницијативата „Отворени Балкан“ е што се усогласени лабораториските процедури меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија и што повеќе нема чекање на границите поради фитосанитарна и ветеринарна контрола, изјави министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, министерот Недимовиќ во интервју […]

(Во живо) Изјави по потпишувањето на договорот на Отворен Балкан


 Премиерот Зоран Заев заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и со албанскиот премиер Еди Рама денеска учествуваат на Самитот на иницијативата „Отворен Балкан“ во Тирана. Тие потпишаа заеднички договор за услови за слободен пристап на пазарот на труд во Западен Балкан, како и договор за поврзување на шемите за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан. По […]

Вархеи: „Отворен Балкан“ е најдобрата порака што регионот може да ја донесе


Регионот сака да биде едно. Отворен Балкан е најдобрата порака што регионот може да ја донесе. Отворен Балкан не само што промовира регионална соработка туку и остварува регионална соработка. Вашата регионална соработка е добра и за ЕУ и Западен Балкан. Ова го изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи во поздравното обраќање онлајн на состанокот на […]

Аналитика: За извозно ориентираните компании, „Отворен Балкан“ нуди нови можности за економијата


Извозно ориентираните компании сметаат дека иницијативата „Отворен Балкан“ е од големо значење за нив поради можностите за подобрување на работата и остварување на поголем раст на компаниите, покажува истражувањето што го спроведе тинк тенк организацијата „Аналитика“. Високи 96,4 проценти од анкетираните одговориле дека иницијативата би отворила нови можности за нивната компанија, наспроти 3,6 проценти кои […]

Бибер за Отворен Балкан: Соработката е добра, но мора сите да бидат вклучени


Професорот на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер, по повод иницијативата Отворен Балкан изјави дека идејата за регионална соработка не е лоша, но дека има проблеми бидејќи не се вклучени сите земји од Западен Балкан. – Идејата за регионална соработка не е лоша, секаков вид соработка е добредојдена, но има проблеми, бидејќи не се сите вклучени, […]

(Видео) Запалени српски знамиња во Тирана, хаос на протестот против „Отворен Балкан“


Протести и инциденти во Тирана против иницијативата „Отворен Балкан“ пренесуваат медиумите во регионот. Според написите, дел од оние кои протестирале во центарот на Тирана против Александар Вучиќ, ги запалиле српските знамиња. Ги симнаа знамињата кои беа закачени на бандерите, ги запалија и ги нагазија, кажале очевидци, пишуваат агенциите. Live / Albanians burn the Serbian flag […]

Заев, Вучиќ, и Рама бараат поддршка од Берлин за „Отворен Балкан“


Премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ во авторска статија за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ), ја повикаа новата германска влада да ја поддржи иницијативата „Отворен Балкан“, јави дописиникот на МИА од Белград. -Се надеваме дека новата влада во Германија ќе ја прифати и […]

Заев ќе ја предводи владината делегација на „Отворен Балкан“ во Тирана


Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи владината делегација која ќе земе учество на редовниот состанок на иницијативата „Отворен Балкан” која ќе започне денеска со работна вечера на лидерите на трите земји и придружните делегации во Тирана. Во текот на утрешниот ден започнува официјалната агенда во која е предвиденa лидерска средба на која ќе говорат: Заев, […]

Отворено писмо на Заев, Вучиќ и Рама: Ги покануваме соседите да се придружат на „Отворен Балкан“


  Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама, испратија отворено писмо за Западен Балкан, кое го објави подгоричкиот весник „Дан“. Во писмото на претставниците на државите на Западен Балкан се наведува дека Европа не е континент, туку визија, дека граѓаните на Западен Балкан, како составен […]

Вучиќ за Македонците: Ние го прифаќаме нивниот јазик и нација, им посакуваме се најубаво


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа најави дека претстојната средба „Отворен Балкан“ во Тирана ќе донесе многу добри и важни заклучоци, многу придобивки за сите граѓани, јави дописникот на МИА од Белград. -Веруваме дека се приближуваме до она што многу ќе го олесни движењето не само на граѓаните кои би сакале да патуваат, туку и […]

Владата донесе повеќе одлуки во врска со претстојната сесија на „Отворен Балкан“ во Тирана


Владата на денешната 128 седница донесе повеќе одлуки и заклучоци кои се однесуваат на договорите и меморандумите што треба да бидат потпишани на претстојната сесија на иницијативата „Отворен Балкан“ која треба да се одржи на 22 декември во Тирана, а се однесуваат на остварување на можноста за пристап до пазарот на труд во Северна Македонија, […]

Мета го потпиша договорот за заеднички гранични контроли со Северна Македонија


Претседателот Илир Мета синоќа објави дека го потпишал договорот со Северна Македонија за заеднички контроли на граничните премини. -Програмата за соработка Северна Македонија-Албанија, чија главна цел е да придонесе во социо-економскиот развој на меѓуграничните области, како и да ја зголеми соработката меѓу двете пријателски земји го оценувам како реална подршка за потребите на двете земји, […]