Судија нареди Трамп да ги врати на работа илјадниците отпуштени службеници
Сојузен судија во Калифорнија нареди администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ги врати на работа илјадниците отпуштени службеници, кои беа погодени од неговата кампања за масовно намалување на федералната бирократија. Одлуката на судијата Вилијам Алсап, донесена на рочиште во Сан Франциско, се однесува на шест американски министерства: одбрана, за ветерани, земјоделството, енергетиката, внатрешните работи […]