Косовската претседателка Османи-Садриу во посета на Северна Македонија


 Косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу денеска ќе допатува во официјална посета на земјава на покана на шефот на државата Стево Пендаровски. Според најавата, по пречекот со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во кабинетот на претседателот, Османи-Садриу ќе има тет-а-тет средба со Пендаровски, по што предвиден е и пленарен состанок на делегациите на двете земји. […]