Осака објави дека е бремена
Јапонската тенисерка Наоми Осака денеска ја објасни причината поради која во неделата навести дека нема да настапи на претстојниот Австралија опен, објавувајќи преку социјалните мрежи дека е бремена. Јапонската 25-годишна тенисерка постираше на Твитер слика од бебе на ултразвук со порака „Едвај чекам да се вратам на теренот, но еве малку новости за 2023“. […]