Трамп: Ормускиот теснец е исчистен од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен


Сите мини во меѓународните води на Ормускиот теснец се активирани или отстранети и на Иран му е соопштено дека секој брод или чамец што ќе поставува нови мини ќе биде уништен, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), Трамп напиша дека САД преку Вселенските сили го […]

Цените на нафтата паѓаат, фокусот е на новите американски санкции врз Иран


Цените на нафтата паднаа на 93 долари на меѓународните пазари по остварувањето профит што следеше по двонеделниот пораст на цените, додека трговците чекаа детали за новите американски санкции врз Иран што би можеле дополнително да го нарушат снабдувањето од Блискиот Исток. Барел во Лондон се тргуваше за 93,20 долари околу пладне, што е за 1,19 […]

Багеи: Иран и Оман договорија мапа за пловидба низ Ормуската Теснина


Иран и Оман договорија мапа за пловидба низ Ормуската Теснина и во моментов разгледуваат одредени технички прашања, соопшти денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи. Техеран истовремено порача дека преминот низ овој стратешки пловен пат ќе биде овозможен под услови што ги поставува Иран. Багеи преговорите меѓу Иран и Оман ги оцени […]

Иран не се откажува од наплата за минување низ Ормускиот теснец


Иран има намера да им наплаќа такси на комерцијалните бродови за минување низ Ормускиот теснец, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Техеран. Иранските медиуми го цитираа портпаролот Есмаил Багеи кој изјави дека Иран во соработка со Оман работи на „механизми за следење на безбедноста, заштита на животната средина и борба против криминалот на море“. […]

Американски функционер тврди дека на повидок е договор за Ормуската Теснина


Американски функционер вчера објави напредок во разговорите меѓу Иран и Оман, што наскоро би можело да овозможи повторно отворање на Ормуската Теснина и потенцијално да го обнови извозот на нафта прекинат за време на петмесечната војна на САД со Иран. Американскиот функционер, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека Вашингтон очекува наскоро договор […]

Бродосопственици предупредуваат дека патарини во Ормуз би ја загрозиле глобалната трговија


 Осум од најголемите светски бродски здруженија ги повикаа Обединетите нации да се спротивстават на можното воведување патарини во Ормуската Теснина, предупредувајќи дека таков потег би можен да ја загрози меѓународната трговија и да предизвика раст на цените на енергијата. Во писмото упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и генералниот секретар на Меѓународната поморска […]

Цените на нафтата растат, сообраќајот низ Ормускиот теснец минимален


Цените на нафтата се искачија над 90 долари на меѓународните пазари, бидејќи трговците се фокусираа на континуираниот слаб сообраќај на бродови низ Ормускиот теснец по новиот бран непријателства меѓу САД и Иран. Барел во Лондон се тргуваше попладне за 90,16 долари, што е за 1,13 долари повеќе од вчерашното затворање. Во САД беше за 1,75 […]

Конфликт на Блискиот Исток и намалените американски залихи ги зголемија цените на нафтата


Цените на нафтата денес скокнаа на меѓународните пазари, надминувајќи 91 долар, бидејќи инвеститорите беа вознемирени од нов бран конфликти во регионот на Персискиот Залив и остриот пад на американските залихи. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше за дури 6,57 долари за барел повеќе, во однос на вчерашното затворање од 90,66 долари. На американскиот пазар, таа […]

Пловидбата низ Ормуз на ниво најниско во последните пет седмици


Бројот бродови што вчера поминале низ Ормуската Теснина опаднал на ниво најниско во последните неколку недели, покажуваат податоците за поморскиот сообраќај, во мигови кога новите напади меѓу САД и Иран и инцидентите со бродови во регионот ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на тој стратешки пловен коридор. Според податоците од службите за следење на пловидбата, низ […]

ОН ја запре придружбата на бродови низ Ормускиот теснец, откако танкер беше нападнат од Иран


Ормутскиот теснец снимен од страна на НАСА, јавен домејн, Викимедија комонс Меѓународната поморска организација на ОН ја прекина својата операција за придружба на бродови низ Ормускиот теснец во четврток откако еден брод пријави напад, повторно разгорувајќи загриженост за тоа дали прелиминарниот договор за ставање крај на војната во Иран ќе се одржи. Товарниот брод соопшти […]

Цените на нафтата паднаа под 78 долари, но залихите се на најниско ниво од 1990 година


Цените на нафтата паднаа под 78 долари на меѓународните пазари денес, што одразува бран оптимизам кај трговците по потпишувањето на рамковниот документ за преговори меѓу САД и Иран, кој предвидува отворање на Ормускиот теснец и дозволи за извоз на иранска нафта. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше попладне за 2,03 долари пониска цена за барел, […]

Трамп тврди дека почнал бродскиот сообраќај низ Ормуз, сателитските снимки покажуваат друго


Претседателот на САД, Доналд Трамп, на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) објави дека трговските бродови почнале да се движат низ Ормуската Теснина, а платформата „Морски сообраќај“ наведе дека бродовите уште се во мореузот. Трамп тврди дека бродовите се движат по „јужниот автопат“, кој, според него, е целосно безбеден и заштитен. Неговата објава е […]

САД и Иран постигнаа договор што вклучува отворање на Ормускиот теснец


САД и Иран во неделата објавија дека постигнале договор со цел прекинување на непријателствата што ќе стапи на сила во петок. Целосниот текст сè уште не е објавен, а формална церемонија на потпишување е закажана за петок во Швајцарија. САД и Иран велат дека постигнале договор што ќе стапи на сила во петок. Претседателот Доналд […]

Иран тврди дека договорот за прекин на конфликтот би довел до повторно отворање на Ормуз


Договорот со САД за прекин на конфликтот во Иран е блиску и вклучува повторно отворање на Ормуската Теснина, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Тој за иранската телевизија изјави дека договорот исто така вклучува укинување на американската блокада на Иран, но оти разговорите за иранската нуклеарна програма ќе почнат подоцна. Би-Би-Си пренесува дека […]

Војската на САД соопшти дека соборила ирански дронови во Ормускиот Теснец


Војската на САД синоќа соопшти соборила неколку ирански дронови чија цел биле бродови што минувале низ Ормуската Теснина. „Иран лансираше повеќе дронови за еднократен напад во обид да погоди комерцијални бродови кои транзитираат низ Ормуската Теснина“, соопшти Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) во објава на социјалните мрежи. „Американските сили ги соборија сите во изминатите неколку […]

Дали Oрмуз е отворен или затворен? „Одлуката не зависи од Вашингтон или Техеран“


Соединетите Американски Држави и Иран сè уште се заглавени во жестока вербална војна околу статусот на Ормускиот теснец. Откако американската војска изврши втор бран воздушни напади врз иранските радарски места и системи за воздушна одбрана синоќа, Техеран повторно го прогласи теснецот целосно затворен за сите видови бродови. Иранскиот корпус на револуционерната гарда (ИРГЦ) отиде чекор […]

Бродовите плаќаат од 1,5 до два милиона долари за минување низ Ормуз


 Бродовите моментално плаќаат просечно од 1,5 до два милиона долари такса за да минуваат низ Ормуската Теснина, изјави членот на Комитетот за планирање и буџет на иранскиот парламент, Мохсен Занганех, пренесе  иранската агенција Фарс. Потпретседателот на иранскиот парламент, Али Никзад, во мај објави нацрт-план во 12 точки за управување со Ормуската Теснина, потсетува Фарс. Исто […]

Конфликтот со Иран може да ја чини светската економија најмалку 700 милијарди долари


Растот на светската економија и на глобалната трговија се очекува значително да забави оваа година поради нарушувањата во Ормуската Теснина, кои во изминатите речиси 100 дена влијаат врз снабдувањето со нафта, природен гас и ѓубрива по почетокот на американско-израелскиот конфликт со Иран на 28 февруари, пишува Анадолија. Воениот конфликт на Блискиот Исток предизвика сериозни предизвици […]

Војната во Иран ги преврте енергетските пазари наопаку, светот веќе изгуби милијарда барели сурова нафта


Војната во Иран одеднаш го претвори она што започна како година на прекумерна понуда на глобалните пазари на нафта и течен природен гас (LNG) во најлошото нарушување на снабдувањето со нафта и гас во историјата. Три месеци откако започнаа нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари, светот веќе изгуби милијарда барели сурова […]

Како блокадата на Ормускиот теснец ја уништува светската економија


На почетокот на војната на Блискиот Исток, експертите и претставниците на индустријата предупредија дека затворањето на една од најважните светски бродски рути ќе предизвика сериозен недостиг на нафта, гас и други клучни суровини. Три месеци по почетокот на блокадата на Ормускиот теснец, овие предупредувања се остваруваат низ целиот свет, пишува „Њујорк тајмс“. Пред војната, низ […]