Сообраќајот низ Ормускиот теснец речиси целосно запре, во четвртокот поминале само осум брода
Морскиот сообраќај низ Ормускиот теснец речиси целосно повторно запре по обновената размена на напади меѓу САД и Иран, соопшти во петокот давателот на податоци Kpler, објави dpa. Само осум бродови поминаа низ теснецот во четврток, што е најмал број регистриран за три недели, објави Kpler на платформата X. Во среда, 15 бродови поминаа низ теснецот. […]