Заврши протестот на оризопроизводителите, нормализиран сообраќајот на патот Штип – Кочани


Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Кочани – Штип кај село Облешево откако во 11:45 часот заврши собирот на оризопроизводителите, информира АМСМ. Сообраќајната лента во правец од Штип кон Кочани на патниот правец А3 Кочани – Штип кај село Облешево од 10:15 часот беше блокирана со 12 земјоделски машини од околу 80 до 100 оризопроизводители, […]

Оризопроизводители го блокираа патот Штип – Кочани кај Облешево


Сообраќајната лента во правец од Штип кон Кочани на патниот правец А3 Кочани – Штип кај село Облешево од 10:15 часот е блокирана со 12 земјоделски машини од околу 80 до 100 граѓани – оризопроизводители, информира АМСМ. Сообраќајот се одвива наизменично.

Оризопроизводителите имаат уште шест дена да аплицираат за поддршка при набавка на комбајн или сушара


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку соопштение ги потсетува земјоделците дека на 6 јули истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка при набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и мобилни сушари за ориз. Овој јавен повик, како што посочуваат, се распишува преку програмата за финансиска поддршка на […]

Оризопроизводителите во вторник ќе протестираат пред Министерството за земјоделство


Оризопроизводителите од кочанскиот регион во вторник ќе излезат на протест пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Скопје за да ги повторат барањата за подобрување на состојбата во која се наоѓаат. Претставниците од Иницијативниот одбор за заштита на оризопроизводството се незадоволни што и покрај упатениот повик, досега не оствариле средба со ресорниот министер и […]

Оризопроизводителите го блокираа магистралниот пат А3, бараат средба со министерот за земјоделство


Производителите на ориз од кочанскиот регион денеска со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента на магистралниот пат А3 во селото Облешево, изразувајќи незадоволство од ниските откупни цени на арпата и белиот ориз, како и од драстично зголемените трошоци за ѓубрива, заштитни препарати и други давачки. На протестот нагласија дека веќе трет пат за половина […]

Оризопроизводителите најавуваат протест ако поддршка за арпата не добијат повеќе земјоделци


Производителите на ориз од кочанскиот регион бараат што повеќе земјоделци да бидат опфатени со финансиската помош – три денари за килограм предадена арпа, а за тоа е неопходно, велат, рокот за предавање на арпата да се продолжи до јуни. На Министерството за земјоделство му даваат рок од две недели да најде начин како ова да […]