Концерт „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“ на Факултетот за музичка уметност – Скопје
Факултетот за музичка уметност – Скопје, вечер со почеток во 20:00 часот во Големата концертна сала на македонската Филхармонија, ќе одржи годишен концерт „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“, по повод 59-годишнината од постоењето на институцијата. Концертната програма ќе ја изведат Симфонискиот оркестар на ФМУ; Мешаниот хор „Драган Шуплевски“; Камерниот гудачки оркестар „ФМУ Солисти“; […]