За што се помоли Орце Ѓорѓиевски на Божјиот гроб во Ерусалим? (видео)


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, присуствува на меѓународниот саем MUNI EXPO во Тел Авив, Израел, посветен на локалната самоуправа, паметните градови, урбаните иновации и управувањето со кризни ситуации. Тој соопшти дека на настанот, на кој учествуваат претставници на градови, институции и компании од повеќе земји, се разменуваат искуства и современи решенија за поефикасно функционирање на […]

Сo помош на Светска банка рехабилитирани 103 км локални патишта – следува подобрување на хигиената


Со поддршка на Светска банка изградени се околу 103 км локални патишта, а со истата поддршка најавено е одржување и подобрување на состојбата со хигиената во општините.  – Денеска ќе зборуваме за проектот локални патишта, во кој што за две години, во периодот од јуни 2024 година до јуни 2026 година се склучени договори во […]

Орце Ѓорѓиевски во посткампања – теренот бил негова природна средина


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, од денеска најавува голема теренска посета во сите скопски општини, а со гласот на граѓаните, ќе се обиде да го води градот. Средбите со граѓаните ги почнува по нешто повеќе од шест месеци по преземањето на функцијата, откако пред тоа се среќаваше со граѓаните за да ги слушне нивните желби, […]

Ѓорѓиевски му понуди шеќер и вода на Симоновски од СДСМ – го прати и на планински масив


Дуелот меѓу градоначалникот на СКопје, Орце Ѓорѓиевски и советникот од редовите на СДСМ, Горан Симоновски, ја обележа денешната седница за поставување советнички прашања во Советот на Град Скопје.  – Прво не ми повишувај тон, јас не ти повишив тон. Вото, Горан почитуван, јас не сум овде, јас не сум дојден овде на опера. Ако имаш […]

Ѓорѓиевски за постигнувањата во првите 100 дена


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во услови на, како што рече, „град на раб на финансиски колапс – празна каса, блокирани сметки, јавни претпријатија со неисплатени плати, систем без дисциплина и долг од речиси 300 милиони евра“. „Тотален колапс! Институции што […]

Почна реконструкцијата на улицата „Лазо Трповски“ во Чаир


Улицата „лазо трповски3 во скопски Чаир, од денеска се реконстроира, со цел таа да стане безбедна и за возачите и за велосипедистите, но и за пешаците. Во овој дел од градот гравитираат околу 100.000 луѓе кои заслужуваат подобра инфраструктура.  Денеска, градоначалнивите на Град Скопје и на Општина Чаир, Орце Ѓорѓиевски и Изет Меџити, го означија […]

Град Скопје блокираше 17.694 сметки на физички и правни лица за неплатен данок за 2021


Град Скопје блокираше 17.694 сметки на физички и правни лица за неплатен данок на имот за 2021 година во вкупен износ од 1,3 милиони евра, соопшти на прес конференција градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. „Апелирам до сите граѓани и компании во наредните 15 дена да ги подмират своите обврски по основ на данок на имот за периодот […]

Изречени се казни до 53.000 евра за загадувачите – воздухот во Скопје уште е загаден


Денеска се одржа вонредна седница на советот на градот Скопје, посветена на загадувањето на амбиенталниот воздух и неговите причинители, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека се согласува со сите излагања на советниците. – Во изминатиот период преземавме засилени инспекциски контроли на индустриските капацитети, воведовме редовни и вонредни надзори, работиме на решавање на сообраќајот, изградба на […]

Орце ги нападна и Данела и Шилегов: Го „уништиле“ Скопје, тој ќе го крева


  Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во поширока објава на Фејсбук остро ги нападна неговите претходници на функцијата, Данела Арсовска и Петре Шилегов, велејќи дека наследил девастирани јавни претпријатија, хаос во образованието, долгови, неисчистено Скопје, кое не се украсувало за Нова година, и што уште не. Но откако тој дојде на функцијата работите почнале да […]

Речиси 500 се избркани од тие што не доаѓале на работа – ќе треба и парите да ги вратат?


Над 300 милиони евра е, според нашите пресметки, вкупниот долг на јавните претпријатија на Скопје, а не како што очекував околу 200 милиони. Ќе треба посериозен ангажман, но тоа е дополнителен предизвик и мотив во намерата да изградиме метропола со која сите ќе се гордееме за кратко време, изјави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Во […]

Од вечерва во 20.30 часот почнува големата акција за чистење на Скопје


Орце Ѓорѓиевски го прими уверението за градоначалник на Скопје и најави дека од вечерва од 20.30 часот почнува долгонајавуваната акција за чистење на главниот град, што според него треба да тратае 72 часа.   „Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје. Но, истовремено е и голема обврска да работам […]

Нема втор дуел меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ. Орце го откажа соочувањето на Телма


  Кандидатите за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои в недела ќе се соочат на избори во вториот круг, денеска нема да ги видиме на уште една ТВ дебата, која требаше да биде на Телма – Ѓорѓиевски закажа митинг во Скопје, а Мециновиќ по вторпат ќе маршира од Ѓорче Петров до Ново Лисиче.   […]

Ѓорѓиевски: Ден кога гласот на народот ја обликува иднината


Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порача дека денешните локални избори се  празник на демократијата.   „Ден кога гласот на секој граѓанин има сила да ја обликува иднината. Ве повикувам да излезете масовно, да го остварите своето право на глас и да го направите изборот што го заслужувате вие, вашите деца и генерациите што […]

Ѓорѓиевски ќе ja пробива улицата „Есенинова“ до „Шампионче“


Кандидатот за Градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција најави дека по преземањето на власта во Градот Скопје ќе почне со пробивање на улицата „Есенинова“ до „Шампионче“, која се очекува да ги поврзе ул.„Антон Панов“ и бул. „Борис Трајковски“. -Денеска сме овде во срцето на Кисела Вода кај улицата „Есенинова“ не […]

„Генералка“ на Скопје во првите 72 часа од мандатот, најави Орце Ѓорѓиевски


„Генералка” на Скопје во првите 72 часа од мандатот, најави денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски на промотивниот настан што се одржува во Музејот на современа уметност вети интегриран јавен превоз, еколошки автобуси, целосно реновирање на Универзална сала и киното Милениум, воведување програма Град без депонии и […]

И по 10-20 години наставници работат по договор: Ѓорѓиевски гледа напредок


Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски вели дека има напредок во давањето согласности за трајни вработувања во претхолските установи и училиштата, но оти сега тој процес е прекинат поради предизборниот период. По изборите, смета тој, процесот треба да продолжи согласно направен план колку и со каква динамика која од обштините […]

Мицкоски му одреди на Орце Ѓорѓиевски што да работи како градоначалник на Скопје


  Христијан Мицкоски не сака да биде само премиер туку и градоначалник на Скопје по локалните избори. Или евентуално алтернативен градоначалник со клучно право на глас. На денешниот втор ден од отчетот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во скопскиот хотел „Холидеј ин“ тој ја објави својата визија – или подобро речено, програма – што треба да […]

Ѓорѓиевски за Илинден: Имаме света должност – да ја чуваме, браниме и унапредуваме оваа исконска земја


Градоначалникот на Општина Кисела, Вода Орце Ѓорѓиевски упати честитка по повод Илинден – Денота на Републиката со порака дека „на 2 август 1903 година, нашите дедовци му покажале на светот дека огнот на слободата што гори во срцето на Македонецот е нескротлив, а дека денес, ние имаме света должност – да ја чуваме, браниме и […]