Оранжериите во Кочани ќе се откажат од геотермалната вода ако поскапи повеќе од двојно


  Три оранжериски комплекси во Кочани, кои за затоплување во зимскиот период ја користат геотермалната вода, најавија дека ќе се откажат од услугите на подружницата „Геотерма“ на комуналното претпријатие „Водовод“ ако се прифати барањето на Управниот одбор за покачување на цената за 123,5 проценти. Во заедничкото соопштение на фирмите „Агротреф“, „Зелена куќа“ и „Оранжерии Добра“ […]