СДСМ Битола го осуди опожарувањето на возилото на Христо Кондовски


БИТОЛА – Општинската организација на СДСМ Битола јавно објави дека опожареното возило е на поранешниот кандидат за градоначалник на партијата Христо Кондовски и го осуди чинот, напоменувајќи дека влева став кај граѓаните пред локалните избори. „СДСМ Битола најостро го осудува опожарувањето на возилото на поранешниот кандидат за градоначалник на Битола од нашата партија, Христо Кондовски. Овој […]

Опожарено возило во Аеродром


 Регионалниот центар за управување со кризи соопшти дека ноќеска на булеварот „Видео Смилевски-Бато“ било запалено патничко возило.  Противпожарната бригада на Град Скопје информираше дека интервенирале со тројца пожарникари и едно противпожарно возило.  Материјалната штета се проценува на околу 9.000 денари. 

Сообраќајот на Плетвар се одвива по една лента поради опожарено возило


Авто – Мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на превој Плетвар кај местото викано Ленишки мост се одвива по една коловозна лента со пропуштање.  Како што информираат оттаму, наизменичниот сообраќај е поради опожарено патничко моторно возило на коловозот. 

Приведен битолчанец поради предизвикување пожар во возило


 Полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода З.А.(40) од Битола. Како што соопштија денеска од МВР, тој се сомничи дека на 02.11.2022 во 02.18 часот на ул.„Цане Василев“ во Битола предизвикал пожар на патничко моторно возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ф.(60) од Битола. Екипа на Територијалната противпожарна […]

Приведен осомничен во врска со опожарувањето на возилото на прилепскиот пратеник Петар Ристески


Прилепската полиција привела едно лице, осомничено во врска со опожарувањето на возилото на прилепскиот пратеник Петар Ристески. Други детали полицијата не соопштува, освен дека работи на расветлување на случајот. Возилото на пратеникот Ристески е целосно изгорено, делумно и она на неговиот татко во пожарот околу 1:45 часот изутрината. Противпожарната единица навреме го изгаснала огнот за […]