Опожарен автобус кај Пресека, сообраќајот во прекин – нема повредени


Од АМСМ известуваат дека од 21:00 часот на патот Охрид – Кичево, кај Извор, сообраќајот е во прекин во двата правци. Од противпожарната Кичево интервенираат со две екипи при гасење на опожарен автобус. Од РЦУК – Охрид известуваат дека нема повредени лица односно автобусот бил без патници.